Регион

Албанските пензионери ќе добијат новогодишен бонус

Владата на Република Албанија донесе одлука за доделување новогодишен бонус на пензионерите

Владата на Република Албанија донесе одлука за доделување новогодишен бонус на пензионерите, за што е издвоен фонд од 9,4 милијарди леки, односно 97 милиони евра. Овој бонус ќе го добијат околу 765.000 пензионери, распределени во две групи.

Пензионерите чии пензии надминуваат 20.000 леки ќе добијат бонус од 10.000 леки, додека оние со пензии под 20.000 леки ќе добијат 15.000 леки. Истиот износ на новогодишен бонус беше исплатен и во декември минатата година, додека во пролетта пензионерите добија бонуси од 5.000, односно 10.000 леки.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top