Македонија

Стружанецот Рамо Р. алијас ,,Балкански Ескобар” е уапсен во Шпанија

За уапсените се бараат 1000 години затвор

Меѓународниот криминалец со македонски пасош познат како „Балкански ескобар“ е уапсен во бегство во Шпанија.

Рамо Р. (52) е уапсен завчера во Фуенгирола, Шпанија, додека бил во бегство.

Бараниот нарко-бос (52) кого го барала полицијата низ цела ЕУ по долга истрага бил пронајден од истражителите во Шпанија.

Најден е со следење на крипто заштитените разговори на мобилни телефони кои довеле до трагата на австриско-македонскиот двоен државјанин.

Рамо Р. алијас „Бос“, познат како надмоќниот балкански кум и моќен мозок на меѓународната трговија со дрога, е пак зад решетки.

Рамо кој е двоен државјанин на Македонија и Австрија е уапсен во андалузискиот град Фуенгирола во Шпанија, по потрагата од работната група „Ахил“ формирана од Федералната канцеларија за криминална полиција на Австрија.

Кумот Рамо се смета за „заслепклучна фигура во координираната дистрибуција на огромни количини дрога.

Според истражителите, во текот на годините тој изградил мрежа до Јужна Америка, Шпанија, Белгија, Холандија, Италија, Турција, Иран и Балканот со цел да го прошверцува „отровот“ во Европа.

Во 2015 година „шефот“ Рамо Р. бил уапсен во Виена, каде што беа изнајмени дополнителни станови за да се донесуваат одлуки за важни зделки со дрога со мафијашкото семејство кое долетало од Балканот.

Тогаш „Шефот“ завршил четири години и шест месеци зад решетки.

По само неколку години Јавното обвинителство во Виена брзо издало нова потерница на ЕУ поради омневање за меѓународен шверц и трговија со дрога.

Потоа во понеделникот се случила акцијата во Шпанија. Понатамошните истраги, особено евалуациите на разговорите на крипто мобилни телефони од службите ANOM и Sky ECC, доведоа до информации за дополнителни количини на нелегална дрога со вкупен обем од повеќе од еден тон.

Мал извадок од менито: 223 килограми кокаин, 107 килограми хероин, 493 килограми канабис, 141.000 таблети екстази со улична вредност од 34 милиони евра.

Истрагата е далеку од завршена. До денес, десетици високи членови на балканскиот клан се уапсени во текот на операцијата Ахил. За нив се бара 1000 години затвор.

Најнови вести од: Македонија

Поставена и осветена биста на македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце

Денес во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, кој во 2022 година е прогласен како  светец Кирил Лешочки.

Вреди: Абази ја затвори истрагата, Ахмети молчи, но кој ќе одговара за 14 загинати во модуларната во Тетово?!

„По вчерашната реакција очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Но не го добивме. Продолжува нивниот молк во врска со трагедијата во Тетово, во која загинаа 14 лица.“ – нагласува партијата Вреди.

ВМРО ДПМНЕ: Абази пред заминување доодработи за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорноста за модуларната болница во Тетово!

„Ова не е прв случај, во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети. Сега пред заминување си ја доработува задачата, за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче како виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Ангелов: Утринава ветрот ги префрли пламените јазли кон Бонче, но храбрите пожарникари ја спречија катастрофата и ги спасија куќите!

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, каде утрово околу 4 часот силен ветер ги префрлил пламените јазици кон населеното место, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, огнот брзо се спуштил кон долот и се приближил до куќите, а ситуацијата била исклучително сериозна.

ЦУК: На отворен простор 31 пожар во изминатото деноноќие во Македонија, осум се активни

Целосно се изгаснати 23 пожари од оние 31 на отворен простор ширум Македонија, информира Центарот за управување со кризи. Пожари биле регистрирани во Крушево, Битола, Делчево, Штип, Струга, Вевчани, Липково, Куманово, Валандово, Сарај, Студеничани, Врапчиште, Тетово, Чучер Сандево, Карпош, Струмица, Василово, Прилеп и Гостивар.

Најнови вести

To top