Свет

Двајца уапсени во врска со дрскиот грабеж во Лувр

Предмети во вредност од 88 милиони евра беа украдени од најпосетуваниот музеј во светот претходно овој месец, кога четири крадци вооружени со електрични алати упаднаа во зградата сред бел ден

 

Француската полиција уапси двајца осомничени во врска со кражбата на скапоцени камења од Лувр, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на француските медиуми.

Според весникот „Ле Паризиен“, крадцит биле од париското предградие Сен Дени, а еден од нив се подготвува да се качи на лет од аеродромот Шарл де Гол.

Предмети во вредност од 88 милиони евра беа украдени од најпосетуваниот музеј во светот претходно овој месец, кога четири крадци вооружени со електрични алати упаднаа во зградата сред бел ден.

Францускиот министер за правда призна дека безбедносните протоколи не успеале.

Според првичните извештаи, осомничените ѝ се познати на полицијата по претходни кражби. Специјализираната полиција веќе го презеде случајот.

Крадците пристигнале кратко откако музејот ги отворил своите врати за посетителите.

Осомничените пристигнале со механички лифт монтиран на возило за да добијат пристап до галеријата Аполо преку балкон во близина на реката Сена.

Двајца од крадците влегле така што исекле прозорец со електрични алати. Потоа им се заканиле на обезбедувачите, кои го евакуирале просторот, и го исекле стаклото на две витрини со накит.

Прелиминарниот извештај открил дека една од три соби во музејскиот простор немала CCTV камери, според француските медиуми.

Според полицијата, сторителите биле во Лувр само четири минути и избегале со два скутери што чекале надвор.

Филмски грабеж во Париз(ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top