Македонија

Мицкоски не е задоволен од директорот Хаќим Рамадани, најави негово разрешување од функцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во Брвеница, каде што изјави дека кампањата на Хаќим Рамадани е голема грешка и дека ќе има ефект и во Тетово, Дебар и Струга. Тој додаде дека вакви предупредувања добил и од меѓународните претставници. Мицкоски најави и негово разрешување од функцијата што моментално ја извршува.

Во Брвеница, во вториот круг на локалните избори отидоа Хаќим Рамадани од ВЛЕН и Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Кампањата за оваа општина продолжува, а на Рамадани му се приклучи и Енвер Пајазити, кој беше кандидат на НАИ во првиот круг.

  • „Општина Брвеница треба да ја води мнозинството, затоа што тоа е демократско право. Имам емоции, но и многу искуство, а вашето присуство ми дава за право дека не треба во 7 часот да славиме, туку славјето започнува во 5 часот на 2 ноември.“, изјави Рамадани.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше во Брвеница, каде што изјави дека кампањата на Хаќим Рамадани е голема грешка и дека ќе има ефект и во Тетово, Дебар и Струга. Тој додаде дека вакви предупредувања добил и од меѓународните претставници. Мицкоски најави и негово разрешување од функцијата што моментално ја извршува.

  • „Она што го кажа овој кандидат за градоначалник ќе влијае врз неговиот ангажман во иднина. Прво, кога ќе ги загуби изборите тука во Брвеница, ќе биде разрешен од функцијата што ја има сега.“, вели Мицкоски.

Инаку, Хаќим Рамадани моментално е директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top