Македонија

Мециновиќ: Вториот круг ќе охрабри многу луѓе да излезат и да гласаат

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во телевизискиот дуел со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, ја анализираше ниската излезност на гласачите во првиот круг од локалните избори 2025 година, истакнувајќи дека коренот на проблемот лежи во длабоката недоверба на граѓаните во можноста за вистински политички промени.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во телевизискиот дуел со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, ја анализираше ниската излезност на гласачите во првиот круг од локалните избори 2025 година, истакнувајќи дека коренот на проблемот лежи во длабоката недоверба на граѓаните во можноста за вистински политички промени.

– Излезноста почива на тоа што нашите граѓани не гледаат политички промени кога ќе дојде до трансфер на власт. Малата излезност е генерално продукт на тоа што нашите граѓани сметаат дека не можат да делуваат со своето гласачко право кое го имаат, не можат да ја сменат судбината – изјави Мециновиќ.

Тој дополни дека граѓаните не се деполитизирани, туку индиферентни, бидејќи не веруваат оти нивниот глас може да предизвика суштинска промена. Според него, вториот круг на изборите отвора нова политичка етапа во Македонија.

– Сега имаме други околности, втор круг каде што за првпат нема натпревар меѓу ВМРО и СДСМ, туку меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, верувам дека многу граѓани ќе се охрабрат и ќе излезат во вториот круг – истакна кандидатот на Левица.

Мециновиќ зборуваше и за својот професионален и политички пат, нагласувајќи дека студирал на политички студии, но сè уште нема дипломирано, и дека работел разновидни работи, меѓу кои и како фриленсер.

– Јас го легитимирав мојот пратенички мандат. Кога ќе поднесат оставка 30 пратеници од вашата група кои збор немаат земено, тогаш и јас ќе поднесам оставка, иако сум еден од најактивните пратеници во Собранието – изјави тој.

Мециновиќ подвлече дека Левица ја нуди вистинската алтернатива на постојниот систем и дека овој втор круг е доказ оти партијата се позиционира како втора политичка сила во земјата, што, како што рече, претставува јасен сигнал за почетокот на нова политичка ера.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top