Македонија

Почесниот конзулат на Србија во Куманово одбележа една година постоење

Тие врски денес дополнително се зајакнати преку исклучително добрата соработка помеѓу владите на двете држави која се одвива во духот на замена почит и заедничка посветеност кон европската иднина на регионот

Почесниот конзулат на Република Србија во Куманово одбележа една година постоење. На денешното одбележување на годишнината, почесниот конзул, Владимир Стајиќ, рече дека конзулатот е вистински мост помеѓу луѓето, културите и идеите, реализирани се бројни активности кои ја потврдуваат посветеноста на добрососедството, хуманоста и културната соработка.

Прес присутните гости, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, директорот на Царинската Управа Бобан Николовски, пратеници и претставници од амбасадата на Србија, граѓани, Стајиќ рече дека изминатата година се водел од искрена желба за продлабочување на соработката меѓу двата пријателски народи, македонскиот и српскиот.

Тој се заблагодари на локалната самоуправа и на градоначалникот Димитриевски за поддршката и пријателството, на вицепремиерот Стоиљковиќ за посветеноста за унапредување на правата и положбата на српската заедница во земјава, до Амбасадата за реализација на заедничките цели за јакнење на пријателските односи помеѓу двете држави.

-Сакам да изразам благодарност до министерот за култура и туризам Зоран Љутков за поддршката за отварањето на македонскиот културно-инфортивен центар во Белград кој ќе стане ново седиште на македонската култура, јазик, уметност и традиција и ја потврдува важноста на културата како мост меѓу државите и луѓето, рече Стајиќ во обраќањето пред присутните.

Зборувајќи за реализираните активности, Стајиќ се задржа на поддршката за семејствата после несреќата во Кочани, бројните активности за образованите институции како теме за зачувување на српскиот јазик, култура и традиција, поддршката за културните организации, придонесот за зачнување на духовното наследство на манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица, добивањето на „Златниот медал за исклучителсни заслуги“ за зацврстувањето а пријателските односи меѓу двете земји.

– Посебно сакам да ја истакнам значајната улога на претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски, чија посветеност и ангажман во унапредувањето на меѓуетничката соработка има клучно значење за јакнење на добрососедските односи. Српскиот и македонскиот народ имаат долга историја братски односи. Тие врски денес дополнително се зајакнати преку исклучително добрата соработка помеѓу владите не двете држави која се одвива во духот на замена почит и заедничка посветеност кон европската иднина на регионот, рече Стајиќ.

Почесниот конзул зборуваше и за учеството на ЕКСПО 2027 каде што македонската држава ќе добие најдобра локација за претставување на компаниите на државата.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top