Македонија

(Фото): Управниот одбор на „Комуналец“ Скопје, ја разобличи манипулацијата на Данела Арсовска

Би сакале да ве потсетиме и дека во текот на изминатите четири години токму вие именувавте пет в.д. директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје и разрешивте четири од нив, стои во документот на УО, насловен како „Итна ургенција“, а кој беше испратен до медиумите.

Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена-Скопје испратил допис до градоначалничката Данела Арсовска, во која посочува дека сите ингеренции и надлежности да назначува и разрешувате директори на претпријатието го има исклучиво таа.

  • Како Управен одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје ве информираме дека, спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје ги имате исклучиво ВИЕ. Согласно член 24, став 2, член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија и член 40 од Статутот на ЈП Комунална хигиена-Скопје (во прилог) исклучиво ВИЕ како градоначалник на Градот Скопје имате ингеренции да именувате в.д. директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје, имајќи во вид дека состојбата во претпријатието ИТНО го налага тоа. Би сакале да ве потсетиме и дека во текот на изминатите четири години токму ВИЕ именувавте пет в.д.директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје и разрешивте четири од нив, стои во документот на УО, насловен како „Итна ургенција“, а кој беше испратен до медиумите.

Во документот стои и дека при крај се резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в.д.директор.

  • За ваше запознавање, во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в.д.директор. Доколку во најкус можен рок не назначите в.д.директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот Скопје е ВАША, се наведува во документот.

УО бара од Арсовска итно да назначи нов в.д. директор.

  • Од наведените причини Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена-Скопје бара од вас ИТНО да назначите нов в.д. директор кој ќе раководи со ЈП Комунална хигиена – Скопје, во насока на остварување на примарната дејност на Претпријатието, а во интерес на заштитата на животната средина и јавното здравје, се додава во документот на кој се потпишани членовите на УО.

Арсовска вчера на Фејсбук го повика премиерот Христијан Мицкоски да го повика УО на Комунална да именува вршител на должност директор на претпријатието за да може да се овозможи негово непречено функционирање.

  • Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во следните пет дена прашајте го премиерот Мицкоски кој лично од својот кабинет го наредува овој хаос кој воедно и го најави како интересна разврска на прес конференција непосредно пред да се случи. Го повикуваме премиерот Мицкоски кој има своја претседателка на Управен одбор од ВМРО, која воедно е и осуден криминалец за две кривични дела во 2006 и 2022 година, да го повика Управниот одбор на Комунална хигиена Скопје согласно член 24а став 2 од Законот за јавни претпријатија да донесе одлука за разрешување на директорот и согласно став 3 од истиот член да именува вршител на должност на претпријатието. Мицкоски го тероризира градот со своето режимско и диктаторско владеење преку својот Управен одбор, злоупотребувајќи ги институциите и полицијата да сее страв и да врши репресија пред избори, напиша Арсовска на Фејсбук.

Досегашниот директор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахадин Рустеми поднесе оставка од функцијата поради морални причини. Ова го изјави неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ по распитот во Кривичниот суд, кој на Рустеми и на раководителот на сектор за отпад Аки Саити, им изрече 30-дневен притвор поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Кичево има историска можност да избере градоначалник на соживотот, кој не прашува „чиј си“, туку „што можеме да направиме заедно“!

„Ние, како како Влада, ќе го помагаме Кичево максимално, да го подобри животот на сите негови граѓани. И тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија. Ова не е повик за етничко гласање, туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот вчеравечер пред платото на Филхармонијата во Скопје.

Здружението на косовската УЧК ќе одржи во декември „мирен протест во Скопје на Албанците“ против судењето во Хаг на нејзините водачи

„Ќе одржиме мирен протест и во Македонија, бидејќи таму ги имаме нашите браќа-Албанци.“ – изјави претседателот на „Организацијата на воени ветерани“ на косовската УЧК Хисни Гуцати, најавувајќи го протестот во македонската метропола против судењето во Хашкиот трибунал на четворицата некогашни водачи на поранешната „Национална ослободителна армија“ – УЧК од Косово.

Мицкоски: Државава е веќе консолидирана по затекнатиот распад и пустошот! По изборите следат жестока работа и големи резултати!

„Го расклопија системот парче по парче, како да бил нивни личен имот. Но ние сега градиме систем, што во иднина ќе функционира без оглед на тоа кој е на власт, долгорочно и со коренити промени, затоа што државата не е ничија приватна фирма, туку наш заеднички дом.“ – рече премиерот на Република Македонија и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на завршниот митинг во Скопје пред гласањето за вториот круг на локалните избори в недела.

Ѓорѓиевски до Мециновиќ: Дополнитени часови по локална самоуправа ќе држам по победата на изборите

Евидентно е ниското ниво на политичка култура, но и присутната безидејност и недостигот на планови кај кандидатот Амар Мециновиќ, што значи дека секоја следна дебата не би била натпревар и судир на концепти

Под силен притисок од јавноста, Арсовска го назначи Александар за нов в. д. директор на „Комунална хигиена“

Управниот одбор на „Комунална хигиена“ утрово побара од градоначалничката Данела Арсовска итно да назначи в. д. директор на претпријатието. Велат дека во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в. д. директор.

Најнови вести

To top