Македонија

Бугарскиот сајт Вестимак на македонски јазик пренесува дека Гоце Делчев бил Албанец

Бугарски медиумски волк кој се крие во македонска јагнешка кожа

Бугарскиот сајт Вестимак кој објавува вести на македонски јазик пренесува дека Гоце Делчев бил православен Албанец.

 

Порталот Вестимак кој според бугарски извори се уредува од Софија пренесува изјава на наводен албански научник според кој Гоце Делчев бил Албанец.

 

Тврдењето на албанскиот научник во овој случај не е воопшто важно затоа што се работи за научна глупост но интересно е што оваа изјава ја пренесува сајтот Вестимак.мк кој се прикажува како македонски портал за вести а всушност е бугарски сајт скриен зад македонска кирилица.

Не знаејќи дека се работи за продукт на орудие за манипулација огромен број Македонци го следат овој сајт кој објавува вести кои се од корист на бугарската официјална политика и тамошните тајни служби.

 

Македонските читатели треба да знаат дека зад овој сајт стојат сили кои се бугарски и имаат свои интереси различни од македонските.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

To top