Македонија

Лукровски: Време е за промени и нов концепт за Карпош

Во „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

vmro-dpmne.org.mk

Во „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски кој истакна дека во вториот круг гласање граѓаните треба да се одлучат дали ќе застанат зад човек кој носи визија за општина Карпош и нови промени или зад профил на личност како актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски кој е на црната листа на САД и зад кој стојат бројни неуспеси и криминали.

„Ако пробам да се сетам господинот Јакимовски во која се  партија бил и од кого се бил низ годините поддржан, иницијативи, итн, јас ова не го гледам како судир на опозицијата и власта во Карпош, јас пред се би рекол дека во Карпош се работи за едно референдумско гласање каде што граѓаните треба да се решат помеѓу два фронта, оние кои се обединуваат околу мене, значи луѓе кои носат нова визија, носат нов концепт, нешто ново, 65% од граѓаните во Карпош сметаат дека е време за промени и од друга страна не опозициски, него имаме еден блок кој треба да застане позади човек кој пред се е на црната листа на САД и е со првостепена осуда за криминал“, вели Лукровски.

Лукровски во емисијата посочи дека Стевчо Јакимовски во текот на својот мандат стекнувал имот во општината и влијаел врз урбанистичките решенија за лична корист и додаде дека со  резултатите од првиот круг, жителите на општина Карпош веќе испратиле јасна порака за промени и нов концепт.

„Значи луѓето треба да проценат дали ќе застанат зад старите практики на распродавање на нашата општина од лични интереси, деновиве излегоа неколку информации како досегашниот градоначалник Стевчо Јакимовски се стекнувал со имот низ нашата општина, некому бришел маркици за да си ги додели себе и на семејството и сметам дека воопшто не се работи за борба меѓу власта и опозицијата туку за борба меѓу црното и белото, за доброто и лошото, за нешто што треба да е мината практика, тоа и го порачаа граѓаните во првиот круг и еден нов концепт и една нова визија за подобар Карпош’, рече Лукровски.

Најнови вести од: Македонија

Дали претседателката на албанскиот парламент Спиропали се меша во внатрешните работи на суверена Македонија, велејќи „Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од нејзините државотворни столбови“?!

„Претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, реагираше по протестот на албанските студенти во С.Македонија, оценувајќи дека самиот факт што младите се принудени да протестираат за правото на употреба на албанскиот јазик докажува дека проблемот не е процедурален, туку политички, институционален и морален. Во својата реакција, Спиропали нагласува дека студентскиот протест ги истакна нерешените прашања кои, според неа, не се појавуваат само во парламентарните дебати или политичките изјави, туку и на улиците, преку гласовите на младите кои бараат почитување на основните права.“ – ова го објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА. Оваа агенција го пренесува, покрај другото и ставот на Спиропали, која наведува: „Албанците во С Македонија не бараат привилегии. Тие бараат она што требаше да се реши пред многу години и за кое во овој век повеќе не треба да се дискутира. Албанците како политичка етничка група, албанскиот јазик и колективните права мора да бидат јасно, цврсто и недвосмислено дефинирани во Уставот на државата, бидејќи Албанците не се толерирано малцинство, туку еден од државотворните столбови на самата С.Македонија.“ Со ова се отвора сериозна дилема: дали претседателката на албанскиот парламент се меша свесно во внатрешните работи на суверена Република Македонија, обидувајќи се да ѝ дели „лекции“ за уставно (пре) уредување на македонската држава?!

Филков: Правосудниот испит се спроведува согласно со законите! Удар врз уставниот поредок се тврдењата дека законската обврска за познавање на македонскиот јазик е дискриминација!

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, вели министерот за правда, Игор Филков во својата реакција за протестите за полагање на правосуден испит на албански јазик.

Кастеланета: Западен Балкан не може да биде изоставен од интеграцијата во ЕУ, во спротивно постои опасност од надворешни влијанија

Западен Балкан не може да биде изоставен од интеграцијата во Европската унија. Земјите чекаат на интеграција од 2003 година, порача генералниот секретар на Јадранско-јонската иницијатива, амбасадорот Џовани Кастеланета на денешниот форум за Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот Регион (ЕУСАИР) што се одржува во Скопје. – Проширувањето е инвестиција во иднината на Европа. Доколку ги одложуваме ваквите активности ќе треба да се плати цена односно постои ризик од потпаѓање на надворешни влијанија. Токму затоа се обидуваме да воспоставиме процес кој ќе овозможи предвидливи активности. Пред неколку дена имавме средба во Братислава каде се потврди важноста на проширувањето и се утврди дека треба да се преземат постепени мерки за интегрирање на Западен Балкан во Европската унија, рече Кастеланета.

Лефков: Зошто Советот на јавни обвинители молчи за прекинот на случајот „Мазут“, еден од најголемите енергетски скандали во историјата на Македонија?!

„Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка.“ – посочи пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетски прашања

Македонија има претрпено многу промени на својот Устав на патот кон ЕУ, но спорни или наликуваат на уставен инженеринг се оние кои се иницирани однадвор

Најнови вести

To top