Македонија

Возач на убер по потекло од Македонија обвинет за силување на 3 жени

Ако биде осуден Кенан Т. ќе биде протеран во Италија или во Македонија

Возачот на Убер во Цирих, Кенан Т. (44) е обвинет за силување на три жени – вели неговиот адвокат за швајцарските медиуми.

 

Возачот на Убер од Цирих, Кенан Т. (44), наводно ги возел своите клиентки на затскриени места, ги заклучувал внатре и сексуално ги нападнал. Мажот од источна Швајцарија сега е пред суд каде ги негирал сексуалните напади.

Кенан Т.* (44) кој живее во источна Швајцарија,  е носител на италијански пасош а има потекло од Македонија, се појавил минатата недела пред Окружниот суд во Цирих.

 

Кенан како возач работел и за Убер и за Болт,  а со жените кои го пријавиле за силување се сретнал на своето работно место.

 

Според обвинението  кое опфаќа повеќе кривични дела, киднапирање, сексуален напад, вознемирување и обид за силување обвинетиот Кенан Т. возел Опел Зафира.

Шоферот Кенан Т.* (44) наводно минатата година присилил три жени на сексуални дејствија.

Обвинителството тврди дска сторителот намамил три пијани жени во својот автомобил и ги присилувал на сексуални дејствија поради што бара 9,5 години затвор и 12 години депортација за обвинетиот

 

Според швајцарските медиуми Кенан во судот се појавил свежо избричен, облечен во бела кошула и видливо нервозен морал да ја напушти судницата додека жртвите сведочеле.

Жртвите во своите искази изнесле страшни информации а во својата одбрана Кенан тврдел дека „Допирањето било добронамерно“.

Ако биде осуден Кенан Т. ќе биде протеран во Италија или во Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

To top