Македонија

Вреди: Нашите кандидати добија широка поддршка во сите општини!

На првата прес-конференција, одржана во 19 часот вечерва коалицијата Вреди ги изнесе своите први видувања од резултатите од штотуку завршениот втор круг на локалните избори.

„Според информациите од теренот, процесот на гласање беше спроведен без никакви нерегуларности и во духот на граѓанската одговорност. Вреди изразува благодарност до сите граѓани, кои денес го остварија своето право на глас со смиреност и достоинство, покажувајќи со тоа висока демократска култура. Во исто време од Државната изборна комисија очекуваме фазата на затворање и броење на гласовите да биде спроведена, како и во првиот круг, со целосна транспарентност, точност и професионализам, во согласност со законот и волјата на граѓаните. Според нашите проценки, кандидатите на коалицијата Вреди добија широка поддршка во сите општини, каде што се натпреваруваат. Очекуваме резултати, што ќе ја потврдат оваа доверба. Вреди ќе продолжи внимателно да го следи процесот до објавувањето на конечните резултати и останува посветена на фер избори, почитувајќи го секој глас и зајакнувајќи ја довербата во демократските процеси. – изјави вечерва Дритон Сулејмани, портпарол на коалицијата Вреди.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Трагедијата во Кочани засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање

Премиерот нагласи дека една година по трагедијата , нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем.

Муцунски: Успешно помогнавме во евакуација на наши државјани и на странски

Државата денес покажува институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да им помогне на пријателските држави

Стојановски: Минималната плата ќе порасне толку колку ќе се договарат работодавачите и работниците

Усогласувањето на минималната плата потребно е да се изврши преку социјален дијалог, да се договарат синдикатите и работодавачите на двопартитен дијалог, а Владата ќе ја поддржи одлуката.

По Јутјуб и Вимео го избриша документарецот на ИРЛ поради кражба на авторски права

,,Истражувачката лабораторија” која според преходна судска пресуда не смеела да се претставува како медиум се обидела видеото со украдени материјали да го објави на друга видео мрежа

To top