Свет

Во моментов нема потреба од средба Путин-Трамп

Хипотетички кажано, тоа е можно, но, во моментов нема потреба од тоа – рече Песков

Можно е брзо да се договори средба меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, но за тоа во моментов нема потреба, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Хипотетички кажано, тоа е можно, но, во моментов нема потреба од тоа – рече Песков.

Тој оцени дека сега е потребна напорна работа за украинското решение.

Претседателите на Русија и на САД се согласија да се сретнат во Будимпешта и да почнат подготовки за состанок, по телефонските разговори на 16 октомври. На 23 октомври Трамп неочекувано објави дека самитот е одложен на неодредено време, тврдејќи дека нема да може да се постигне „она што е потребно“ до предвидените датуми.

Песков изјави и дека Русија е заинтересирана за мирно решавање на конфликтот меѓу Венецуела и САД.

– Секако, ние сакаме сè да биде на патот на мирот и да не се појават нови конфликти во регионот. Светот е веќе полн со конфликтни ситуации. Нови конфликти не ни се потребни – рече Песков по повод информациите дека под закана од САД, венецуелскиот претседател Николас Мадуро побарал ракети, радари и авиони од својот руски колега Путин.

Најнови вести од: Свет

Ватикан ја критикува ЕУ дека ги мери војните со двоен аршин

Европската унија наметнува економски санкции на една земја и испраќа финансиска помош и оружје на друга, но не постапува на ист начин при други, уште потешки воени инвазии со уште посурови последици за цели народи

Трамп го претстави новиот „патриотски пасош“ со својот лик по повод 250-годишнината од независноста на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата општествена мрежа „Општествена вистина“

To top