Македонија

Меџити: Граѓаните одлучија дека легитимитетот на Албанците го има коалицијата Вреди

Новиот претседател на општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити нагласи дека овие локални избори го урнаа тврдењето на Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ оти „тие го имале легитимитетот на Албанците“.

Изет Меџити рече дека граѓаните одлучиле дека легитимитетот ѝ припаѓа на Вреди. Тој нагласи дека победиле Албанците и сите оние, кои верувале во промени. Ова го објави ТВ 21.

Телевизијата ја пренесува објавата, што ја даде Меџити во овој контекст: „Ние им кажавме од почетокот дека се ова локални избори, избори за општини. Тие побараа референдум, побараа легитимитет и суверенот запечати дека легитимитетот на Албанците го има Вреди од Долнени до Дебар, Струга. Вечерва победија Албанците, победија оние кои веруваа во промени.“ 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top