Македонија

Елмир Емини од огранокот на ДУИ од Тетово бара оставка на „неморалните и оние, кои се обидуваат да ги оцрнат името на Тетово и нивната чест“!

„Раководството на ДУИ денес во тетовска Мала Речица расправаше за исклучително лошите резултати во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Одредено е до 20 декември 2025 година да се одржи конгрес на ДУИ, на кој се очекува оваа партија да ги направи првите измени, или да спроведе внатрешнопартиски избори.“ – објавија ТВ Алсат и „Порталб“.
Медиумите дополнуваат: По состанокот на партиското претседателство портпаролот Арбер Адеми дека „ДУИ не е одговорна за загубата во Кичево и Брвеница“ и ја обвини коалицијата Вреди за тоа. Според Адеми, партиското претседателство расправало и за коалицијата, што ја има ДУИ со двете крила на Алијансата за Албанците. „Таа коалиција продолжува и не се разговараше за нејзино можно распуштање.“ – посочи Арбер Адеми.

Членот на огранокот на ДУИ од Тетово Елмир Емини реагираше остро по поразот во Тетово: „Оставка на неморалните и оние, кои се обидуваат да ги оцрнат името на Тетово и нашата чест!“ Ова го објави информативниот порал на албански јазик „Тетова сот“.

Порталот ја пренесува изјавата, што ја даде Емини во овој контекст: „Да го зачуваме моралот на нашето Тетово. Ние, како жители на Тетово, не можеме да останеме рамнодушни кон губењето на моралот и човечкото достоинство. Не смееме да дозволиме некои темни гласови да го оцрнат името на Тетово. Да зборуваме со вистината. Да застанеме обединети, за да ги одбраниме моралот, почитта и вредностите, што нè прават луѓе. Бидејќи Тетово не е предмет за срам – Тетово е гласот на совеста, достоинството и надежта.“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top