Македонија

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори

Македонија е обоена во црвено

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана, Владо Мисајловски одржа прес конференција.

-Македонија е обоена во црвено од Кочани до Кичево, од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направја вистинскиот избор, со освоени 54 општини и Градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори, рече Мисајловски.

Тој истакна дека владината коалиција на овие избори докажа дека е повеќе од стабилна и легитимна со вкупно освоени 66 општини од вклупно 81.

-Оваа победа е голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати. Му благодариме на секој граѓанин што го даде својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и за нашата коалиција. Ветуваме дека нема да ве разочараме, нашиот образ мора да биде чист, рече Мисајловски.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Најнови вести

To top