Македонија

Парадата на гордоста ќе се одржи на 21 јуни во Скопје

Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни во Скопје, под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“. Организаторите најавуваат марш низ градот како симболичен отпор кон дискриминацијата и насилството со кое се соочува ЛГБТИ+ заедницата, но и како повик за солидарност и еднаквост. Годинава, според нив, нема да има концерт, туку протестен марш, […]

Шестата по ред Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни во Скопје, под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“. Организаторите најавуваат марш низ градот како симболичен отпор кон дискриминацијата и насилството со кое се соочува ЛГБТИ+ заедницата, но и како повик за солидарност и еднаквост. Годинава, според нив, нема да има концерт, туку протестен марш, бидејќи, како што велат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, во изминатите месеци образовниот систем го брише секое спомнување на нивните идентитети и приказни.

  • Зголеменото насилство, омразата и исмевањето во училиштата не се случајни, тие се последица на институционален срам и молк. Наместо заштита, образовните политики нудат невидливост. Наместо грижа – негирање. И токму затоа ќе застанеме пред Министерството за образование, гласни и непокорни, затоа што младите заслужуваат“, кажа Стефан Петровски, активист.

Маршот ќе тргне од паркот Жена-борец, каде што во 18 часот ќе почне собирањето на учесниците, а во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.

  • Доста е од молк за Кочани, доста е од игнорирање на Законот за правно признавање на род, доста е од воздржаност пред геноцид. Протестираме не поради традиција, туку затоа што е потребно. Затоа што многу ЛГБТИК+ луѓе и понатаму се третираат како невидливи, несигурни и незаштитени. Затоа што транс лицата сè уште чекаат правно признавање на родот. Затоа што образованието се чисти од секакво споменување на нашите животи. Затоа што сакаме да живееме во општество во кое телата, љубовта и идентитетите нема да се сметаат за закана“, велат организаторите.

 

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top