Македонија

Потопете се во корените на македонскиот фолклор: „Изворни минијатури“ од „Танец“

Целовечерен концерт на Ансамбл „Танец“

Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со гордост Ве поканува на уникатно сценско патување низ времето и традициите!

Концертот „Изворни минијатури“ е повеќе од обичен концерт-тоа е враќање кон изворите и никулците кои р’ти богатиот репертоар на „Танец“. Ќе имате можност да уживате во:

  • Автентични ора и песни: Изведени во нивната интегрална форма, како што егзистирале на теренот;
  • Раскош на дијалекти: Потсетување на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор;
  • Врвна изведба:Машки, женски и мешани ора, придружени од врвни играорци и музичари на македонски изворни инструменти.

Концертот „Изворни минијатури“ е препознаен како исклучително популарен проект кој веќе го обиколи поголемиот дел од државата, што гарантира врвен квалитет и голем интерес.

Дата и време: 22.11.2025 година во 19:30 часот

Локација: Национална Опера и Балет

Цена на билетите: 600 денари

Место за продажба:KUPIKARTA.COM

Концепт: „Изворни минијатури“- сценско-едукативен караван низ изворниот македонски код.

Обезбедете си го Вашиот билет навреме за незаборавна вечер со „Танец“

Најнови вести од: Македонија

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет“

Школата за млади лидери е иницијатива на претседателот Иванов, започната во 2010 година, на почетокот на неговиот прв претседателски мандат. Во изминатите 15 изданија, преку програмата поминале околу 600 млади од земјата и странство, а речиси 400 реномирани предавачи од Македонија, Европа и светот го споделиле своето знаење и искуство. Во 2018 година, проектот „Школа за млади лидери на Претседателот Иванов“ беше прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

Засилени стратегии и намалена бирократија – Владата подава рака на е-трговија

Владата на Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите.

To top