Македонија

Гаши: Ни требаат измени или нов Изборен закон

Со ново законско решение треба да се надминат сите проблеми што досега се евидентирани во изборните процеси, без разлика дали се работи за парламентарни, претседателски или локални избори

 

На денешната координација на пратеничките групи во Собранието, информира Гаши, сите се согласиле дека треба да разговараат со цел консензуално да се донесат новите законски решенија.

Потребни се или измени на Изборниот законик или да се донесе целосно нов закон, рече претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите.

Тој потенцираше дека ако од Владата стигне предлог за нов Изборен законик, тогаш Собранието ќе го стави во процедура.

Со измените на Иборниот законик(ИК)З или со новото законско решение треба да се надминат сите проблеми што досега се евидентирани во изборните процеси, без разлика дали се работи за парламентарни, претседателски или локални избори.

Препораките на ОБСЕ, начинот на финансирање на кампањата, начинот на кандидирање на независни кандидати, цензусите, предвремената кампања, но и теми како изборниот модел или организирање во една изборна единица – сите прашања во врска со изборите се очекува да бидат опфатени, вели Гаши.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top