Бизнис

Лани во минус, годинава со добивка – Тутунскиот комбинат Прилеп пример за успех

Финансискиот резултат за “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период 01.01.2025-30.09.2025 покажува добивка во износ од 1.098 илјади денари. Споредбено со претходната  2024 година  во истиот период,  имавме негативен финансиски резултат од 117.729 илјади денари – се посочува во извештајот на Тутунски комбинат.

Бизнисот не стои в место. Тоа е добро и за државата и за економијата. Една од најуспешните компании од Прилеп со значителен раст на заработката оваа година, особено во споредба со истиот период минатата година, објави Фактор. Согласно последниот Биланс на успех на Тутунскиот комбинат Прилеп објавен на Македонска берза, во периодот од јануари до крајот на септември годинава, компанијата успеа да оствари добивка од над 1 милијарда денари или 17,8 милиони евра. Ова е голем пресврт имајќи предвид дека исиот период минатата година компанијата имала загуба, и била во минус над 117 милиони денари или 1,9 милиони евра.

  • Финансискиот резултат за “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период 01.01.2025-30.09.2025 покажува добивка во износ од 1.098 илјади денари. Споредбено со претходната  2024 година  во истиот период,  имавме негативен финансиски резултат од 117.729 илјади денари – се посочува во извештајот на Тутунски комбинат.

Во него е истакнато дека оперативните приходи се зголемени во 2025 година, односно од 547.657 илјади денари на 1.115.870 илјади денари. Причината за ова зголемување на оперативните приходи е резултат на зголемувањето на приходите од продажба  на домашен пазар од 128.317 на 508.169 илјади денари.

Што се однесува пак до оперативните расходи и тука комбинатот бележи раст од 678.089 илјади денари на 1.134.014 илјади денари. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“. Финансиските приходи се зголемени од 33.939 илјади денари на 41.307 илјади денари споредено со претходниот период. Се однесуваат на финансиски приходи од односи со поврзани друштва.

Финансиските расходи изнесуваат 26.975 илјади денари, што претставува мало зголемување во однос на претходниот период, кога изнесувале 22.298 илјади денари.  Ова зголемување на финансиските расходи се должи пред се на зголемувањето  на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

Оперативна добивка за периодот 01.01.2025 – 30.09.2025 година изнесува 1.098 илјади денари наспроти оперативната загуба од претходниот период 117.729 илјади денари.

  • Друштвото ги исполнува планираните параметри и очекува оваа тенденција да продолжи до крајот на годината – се нагласува во нивниот извештај.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

To top