Македонија

(Фото): Старо дрво за малку ќе паднело врз глава на деца во паркот во Ѓорче Петров

Само на два метри од деца и возрасни кои одмораа во паркот во Ѓорче Петров, падна големо дрво, предизвикувајќи револт кај граѓаните кои веќе две години апелираат за редовно одржување на зелените површини. Според информациите споделени на фејсбук страната “Мое Ѓорче”, инцидентот се случил во време кога во паркот престојувале околу 40 граѓани, меѓу кои […]

Само на два метри од деца и возрасни кои одмораа во паркот во Ѓорче Петров, падна големо дрво, предизвикувајќи револт кај граѓаните кои веќе две години апелираат за редовно одржување на зелените површини. Според информациите споделени на фејсбук страната “Мое Ѓорче”, инцидентот се случил во време кога во паркот престојувале околу 40 граѓани, меѓу кои и деца кои се играле во близина на местото каде што паднало дрвото.

Граѓаните тврдат дека во изминатите две години повеќе од 200 пати се обратиле до надлежните институции, бидејќи паркот е во надлежност на Јавното претпријатие “Паркови и зеленило” и Град Скопје, но нивните апели останале без одговор.

“Вртевме и вчера и никој не крена”, се жали авторот на објавата, алудирајќи на тоа дека службите не реагираат на навремен начин.

Меѓутоа, веднаш по падот на дрвото, во рок од 30 минути на местото пристигнале вработени од комуналната служба на општината кои го отстраниле дрвото. Граѓаните сметаат дека оваа брза реакција е мотивирана од стравот од правни последици, а не од грижата за безбедноста.

Авторот на објавата потврди дека им остави свој телефонски број на службениците и изјави дека е подготвен, заедно со останатите сведоци од паркот, да сведочи доколку дојде до правни постапки.

Гаѓаните отворено ја критикуваат градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, бранувајќи од неа да преземе лична одговорност за состојбата во парковите.

Овој инцидент повторно ја отвора дискусијата за потребата од редовно одржување на градските паркови и навремено отстранување на потенцијално опасни дрвја, особено во области каде што често престојуваат семејства со деца.

До моментот на објавување на овој текст, Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило” не се изјаснија по случувањето.

Објавата можете да ја погледнете на официјалната фејсбук група Мое Ѓорче.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): И по пет месеци од трагедијата во Кочани, болката сè уште жива

Се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без насмевките, без гласот и без прегратките на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува, изјави Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо.

Беџети: Денес го запревме обидот за измена на изборниот закон, насочен против Албанците?!

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Беџети не одговори на обинувањето од координаторот на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски дека ДУИ се поправо против независни кандидати на локалните избори и оти ним им пречи и прагот од 0,5 отсто за потребни потписи

(Видео): Изгасивме еден куп пожари кај Јажинце, вели Ангелов

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој цела ноќ бил на терен заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека лично со својот возач и седум жители на Рогачево учествувал во гаснењето на левата огнена линија.

Меџити: ДУИ од една страна ги критикува Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, а од друга страна сака преку нив да се врати на власт!

Меџити ја обвинува ДУИ дека се обидува постојано да злоупотреби разни прашања, како што се прашањето за законот за јазици, прашањето за балансерот и други, со цел да создаде впечаток во јавноста, како што вели, дека „албанското прашање е деградирано“.

Зошто ниту еден универзитет од Македонија го нема Шангајската листа?!

Сега, по моја проценка, на универзитетите се запишуваат значителен број деца кои немаат предиспозиции за студирање. Редовни професори во поодминати години предаваат по три и повеќе предмети на додипломските студии, пишува Трајко Славески.

To top