Македонија

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила на патот Прилеп – Росоман близу Плетвар

„Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција. Кај преживеаниот возач ќе биде испитано можно присуство на алкохол и други супстанции. Се преземаат дејства за утврдување на причините за несреќата.“ – соопштија од Обвинителството.

„Двајца загинаа, а петмина здобија повреди при претекнување и судар на два автомобила кои се движеле во иста насока.“ – соопштија вчеравечер, на 4 ноември 2025 година од Јавното обвинителство во врска со тешката сообраќајна несреќа, која се случи на патот Прилеп – Росоман во близина на селото Радобил.  

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство од Прилеп вечерва изврши увид на местото на настанот. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили, кои се движеле во иста насока. Во несреќата две лица го загубија животот, меѓу кои и возачот на едниот автомобил. Петмина се повредени.“ – известија од Обвинителството.

Јавниот обвинител издал наредби за прибирање траги од местото на трагедијата. Ќе биде наредено да се спроведе сообраќајно и машинско вештачење на автомобилите.


Најнови вести од: Македонија

Богатото културно наследство на Македонија низ музејските поставки – Кога последен пат бевте во музеј?!

Минатото повторно оживува во „Музејот на Македонија“. Во срцето на старата скопска чаршија, меѓу артефакти стари илјадници години, посетителите ја откриваат приказната за македонското културно наследство.

Бериша: Точната адреса за студентските протести е пред седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица!

„Точната адреса на протестот за полагање на правосудниот испит е Мала Речица, кај Тетово, протестите на погрешна адреса не ја постигнуваат целта! Да, студентите денес апсолутно имаат право да протестираат, но не и политичарите, кои не ја почитуваа и ја спречуваа демократијата!“ – реагира остро политичкиот аналитичар и новинар во Албанската редакција на Македонската Радио и Телевизија Ејуп Бериша во врска со денешниот протест на студентите-Албанци во Скопје.

To top