Бизнис

ЕУ го поздравува проектот за железничко поврзување на Скопје и Софија

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што вчера во Ѓуешево го сторија заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, и на банките кредитори на проектот за железничко поврзување на двете држави.

ЕУ вклучи зелено светло за поддршка на железничкото поврзување Скопје – Софија, политичката линија се уште во ќорсокак. Антонио Кошта претседателот на Европски Совет, порача дека ставањето заеднички потпис е голем чекор кој промовира добрососедски односи.

– Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничен тунел меѓу Бугарија и Македонија – кој е голем чекор во соработката меѓу двете земји и промовира добрососедски односи. Покрај развојот на билатерални врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност! 

И еврокомесарката за проширување Марта Кос на социјалните мрежи порача дека договорот е важен чекор за градење доверба меѓу двете земји.

– Бугарија и Македонија се согласија да ја унапредат работата на Коридорот 8. Ова е клучен проект што ги поврзува Јадранското Море со Црното Море преку пат и железница и важен чекор за градење доверба преку регионална поврзаност, заеднички просперитет и контакти меѓу луѓето.

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што вчера во Ѓуешево го сторија заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, и на банките кредитори на проектот за железничко поврзување на двете држави.

Портпаролот на француското министерство за Европа и надворешни работи Паскал Конфавре во изјавата, која ја даде вчера, а денеска ја пренесува Француската Амбасада во Скопје, нагласува дека овој потпис сведочи за посветеноста на двете држави во прилог на регионалната интеграција и безбедноста на Балканот.

– Франција го поздравува денешното потпишување на договорот меѓу Бугарија и Македонија, кој се однесува на изградбата на прекуграничен железнички тунел. Оваа стратешка инфраструктура е дел од проектот за развој на трансевропскиот Коридор 8, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море. Овој потпис сведочи за посветеноста на Бугарија и Северна Македонија во прилог на регионалната интеграција и безбедноста на Балканот – нагласи Конфавре.

Тој дополни и дека овој договор сведочи и за способноста на, како што рече, „нашите два сојузника да го пронајдат патот на доверлив и плоден дијалог, што Франција целосно го поддржува, особено во перспектива на пристапувањето на Македонија и на Западен Балкан во Европската Унија“.

Македонија и Бугарија се обврзаа на активности за изградбата на железничкиот тунел на Коридорот 8 со вчерашното потпишување на Договорот.

Вчера министерот Николовски и неговиот бугарски колега Караџов подадоа рака во Ѓуешево и заеднички ставија потпис за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија, кој е дел од пругата на Коридорот 8. Договорот опфаќа изградба на меѓуграничен железнички тунел со проектирана должина од околу 2,4 километри.

На политичката пруга Скопје – Софија, пак, премиерот Мицкоски веќе најави засилена динамика во разговорите, по нова година.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Од долгогодишен застој и долгови, до позитивен раст, инвестиции и резултати, вели Трипуновски

Цветан Трипуновски се осврна на работењето во изминатите две години. Рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

НБРМ: Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра

Надворешниот долг на Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола посветени сме на највисоките стандарди во интерес на заедницата

ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина.

(Видео): Ребаланс на буџет – Стабилност на јавните финансии, повеќе пари за инвестиции, економска активност и квалитетни услуги за граѓаните

Повеќе пари за патишта, железница и локални инфраструктурни проекти, но и повисок буџетски дефицит. Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година со кој капиталните расходи се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, додека дефицитот достигнува 46,1 милијарди денари или 4,1 процент од БДП.

Државата дава неповратни 615.000 денари за сопствен бизнис

Парите се наменети за основање друштво со ограничена одговорност (ДОО) од двајца содружници, при што секој ќе поседува по 50 проценти од уделот во фирмата. Максималниот износ на грантот е 1,23 милиони денари, а парите ќе се користат за набавка на опрема и материјали предвидени во бизнис-планот.

To top