Македонија

ЕУ ги скенира минералите во Охрид – Можно ли е да се направи пресврт за Македонија?!

Новите геостратешки поместувања во светот во најголем дел се поврзани со пристапот до ретки минерали, кои се неопходни за идниот технолошки и економски развој на државите, што од друга страна ги прави оние што ги поседуваат тие минерални богатства релевантни и им овозможува и тие да ги артикулираат сопствените национални интереси во рамките на тектонските поместувања на светскиот поредок.

Европската побарувачка за кобалт, никел, бакар и литиум веќе ја притиска картата на Балканот. Новата анализа покажува кобалт кај Поградец и значајни јазли на бакар во Лежа и Кукс, како и никел во Кукс, Девол и Червеник – само неколку километри од Охридското Езеро. Албанија разгледува отворање рудници; Македонија, пак, сè уште ги чека новите закони за геологија и рударство и останува во застој со истражните процедури и транспарентноста на концесиите.

Регулативата на ЕУ за критични суровини (CRMA) од 2024 наметна јасна траекторија: до 2030 година Унијата да извлекува, преработува и рециклира поблиску до дома, со цел да ја скрати зависноста од увоз и да обезбеди сигурни ланци за зелената и дигиталната трансформација. Тоа значи побрзи дозволи за „стратешки“ проекти, но и построги правила за одржливост и следливост долж целиот синџир.

Паралелно, Охрид е Светско наследство на УНЕСКО на двете страни од границата, со статус проширен и на албанскиот дел во 2019. Последните извештаи предупредуваат: езерото е под растечки притисоци од урбанизација, канализација и загадување; стари рударски активности во Албанија се поврзуваат со поголеми концентрации на тешки метали во седиментите. Во оваа рамка, секоја нова концесија во сливот е прашање не само на економија, туку и на опстанок на ендемичната биодиверзитетна „архива“ стара милиони години.

Што значи ова за Македонија? Прво, дека нема простор за импровизации. Најавените нови закони за геологија и рударство мора да донесат европска процедура за проценка на влијанието, јавна ревизија на договорите и „зелен коридор“ само за проекти што ја минуваат еколошката летвица – без исклучоци. Второ, дека CRMA не е „бел картон“ за брзи ископи, туку обврска за кружност, рециклирање и јасно мапирање на ризиците во кршливи екосистеми каков што е охридскиот. Трето, дека економските аргументи за бакарот и никелот ќе вредат политички само ако институциите покажат интегритет во доделување, надзор и санкции.

Новите геостратешки поместувања во светот во најголем дел се поврзани со пристапот до ретки минерали, кои се неопходни за идниот технолошки и економски развој на државите, што од друга страна ги прави оние што ги поседуваат тие минерални богатства релевантни и им овозможува и тие да ги артикулираат сопствените национални интереси во рамките на тектонските поместувања на светскиот поредок. Ова за Македонија е особено важно како добра можност државата да напредува и да си поставува нови цели во услови кога Европа упорно ја опструира во евроинтегративниот процес, наметнувајќи билатерални услови на сметка на претходно утврдени критериуми. Во таа насока, интензивирањето на стратешкиот дијалог со САД може да биде од огромна полза за државата бидејќи ќе инјектира нова енергија во македонското општество, кое е уморно и фрустрирано од европските непринципиелни политики.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top