Македонија

Ноќеска Охрид пак се стресе

Слаб земјотрес јачина од 2.5 степени беше регистриран ноќеска ноќеска по полноќ во 00.48 часот во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга. Земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, беа регистрирани и вчера изутрина во Охридскиот регион. Најсилниот […]

Слаб земјотрес јачина од 2.5 степени беше регистриран ноќеска ноќеска по полноќ во 00.48 часот во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга.

Земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Серија земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, беа регистрирани и вчера изутрина во Охридскиот регион.

Најсилниот беше почувствуван во 4. 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.

Најнови вести од: Македонија

Поразениот кандидат за претседател на општина Брвеница Хаќим Рамадани најавува формирање нова политичка партија во албанскиот кампус?

Останува да се види во наредниот период, ако навистина Хаќим Рамадани основа нова политичка партија во албанскиот политички кампус, каква ќе биде нејзината ориентација и дали ќе истапува врз основа на неговите веќе пројавени политички позиции на етничка поларизација меѓу Македонците и Албанците, со голема поддршка на ДУИ и Али Ахмети.

Вработени 23 негуватели во Геријатрија, но и натаму фали стучен кадар

За болницата е обезбедена нова медицинска и немедицинска опрема, како што се електрохируршка единица на радиобранови, крио-спреј, парен автоклав-воден стерилизатор, болнички наткасни со масички за хранење и справи за физикална терапија.

Ако запленетите 37 тони јаткасти плодови имале афлатоксини во опасност се илјадници граѓани

Афлатоксините се отровни, доведуваат до аномалии, оштетувања и промени во живите организми и се високо канцерогени, спаѓаат во најризичната и најпознатата група микотоксини

To top