Македонија

50 години од осветувањето на црквата „Св. апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

Да продолжиме да го негуваме нашиот духовен и културен идентитет, и да се радуваме на многу идни заеднички празнувања, истакна Стојкоски

Да ни векува храмот ѓорчетровски, порача градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Почитувани сограѓани, со голема радост и заедничка духовна гордост денес одбележуваме 50 години од осветувањето на црквата „Св. апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров. Во чест на овој златен јубилеј, денеска се одржа свечена литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите г. Јосиф и г. Климент. Овој настан не само што ја зацврстува нашата вера и традиција, туку и го потврдува духот на заедништво што нè обединува како заедница. Да продолжиме да го негуваме нашиот духовен и културен идентитет, и да се радуваме на многу идни заеднички празнувања, истакна Стојкоски.

„Со честитки до сите верници, и нека ни е за многу години!“-порача тој.

Најнови вести од: Македонија

Левица и СДСМ аеднички во блокада на Изборниот законик

„Единственото нешто што го побаравме е нашата дијаспора да може по електронски пат да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Секој граѓанин сам ќе одлучи дали ќе биде органодарител

Усвоени измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт

ВРЕДИ: Требаше Ахмети да оди во опозиција за Зајас да разбере зошто остана без канализација

На Албанците им кажуваа „причини“, додека зад сцената се склучуваа договори за соработка, се воведуваа локални фирми и се префрлаа милиони евра од европските фондови.
Жителите чекаа канализација, а друг чекаше исплати.

To top