Македонија

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари

Државна лотарија

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата е извршена во продажното место „Димпо“ во Битола. Иако добитникот не се согласи за јавно објавување на неговите податоци, тој сподели со нас дека за него оваа добивка претставува уште една потврда дека секогаш треба да се верува во среќата.

Продажното место „Димпо“ во Битола е познато по среќните добивки од игрите на среќа на Државна лотарија. Таму е „изгребана“ и најголемата премија од инстант лотаријата – 10.000.000 денари од инстант лозот „Мега Милионер“.

Од почетокот на приредувањето на играта на среќа Џокер во 2010 година, во рамките на Ново Лото 7/34, освоени се вкупно 17 Џокер премии, а ова е 11-та освоена Џокер премија од почетокот на приредувањето на Лото 7 во 2019 година.

Уплата на еден Џокер број чини 30 денари, а може да донесе вредна добивка. Џокерот се избира по компјутерски пат, а бидејќи среќата знае да изненади, не треба да се пропушта шансата со одиграна лотокомбинација да се уплати и еден Џокер број.

Во Делчево се освоени две Џокер премии, по една Џокер премија е освоена во Струмица, Берово, Кавадарци, Свети Николе, Струга, Крушево, Пехчево и Битола и седум во Скопје. Првата премија од играта на среќа Џокер беше постигната во Делчево.

Среќата е насекаде со Државна лотарија!

Најнови вести од: Македонија

Али Ахмети го „прослави“ 2 мај, „Денот на прогласувањето на Карадак како зона ослободена од УЧК во 2001“ и порача: Тоа е и натаму „симбол на отпор“!

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера го „прослави“ 2 мај „Денот на прогласувањето на Карадак како ослободена територија“ од страна на УЧК во 2001 година“, означувајќи го овој датум како „важен момент во новата историја“. „Во Слупчане е напишана една од најзначајните страници, а прогласувањето на Карадак како слободна зона е доказ за решителност за слобода, достоинство и еднаквост. Карадак и неговите жители остануваат симбол на отпор и единство за поправична иднина.“ – рече Ахмети. Со оваа своја порака тој отвори дилема: каков „симбол на отпор“, но и кон кого, продолжува да биде и денес ова „прогласување територија ослободена од борците на УЧК во мај 2001“?! Претседателот на ДУИ Ахмети „прославува“ и денес „25 години од прогласувањето слободна зона“ инаку на територијата на унитарната држава Македонија!

Османи ќе се „жали“ во ЕУ за „влошувањето на меѓуетничките односи и кршењето на Охридскиот договор“, но и за евроинтеграцијата

„Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе оствари серија средби со претставници на Европската комисија, Службата за надворешни работи на ЕУ, како и со европратеници. Според најавата, во центарот на вниманието на овие средби ќе бидат прашања поврзани со европската перспектива на земјата, забрзувањето на евроинтеграцијата и актуелните политички предизвици.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

ВМРО ДПМНЕ: СДС и Филипче водат политика за корист на кланот Заеви и подготвени се да ги дораспродадат македонските интереси со лажната проевропска агенда!

„Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда додека во реалноста нема план и стратегија.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Најнови вести

To top