Македонија

Демири: Вистинска реформа во ДУИ ќе има само кога ќе заврши култот на „Врховниот лидер“ Али Ахмети, кој стана симбол на застој!

„Наместо да го запре своето паѓање, ДУИ ги менува партнерите како маски на карневал. На парламентарните избори беше со ‘Европскиот фронт’, на овие локални избори со Националната алијанса за интеграција, а утре ќе биде со некој трет, што ќе се согласи ДУИ да го држи покрај себе додека паѓа на удолнината.“ – нагласува во својата објава на фејсбук Муамет Демири од Демократското движење на Изет Меџити, во состав на коалицијата Вреди. Демири е моментно и вршител на должноста директор на Центарот за јавно здравје во Скопје.

„ДУИ е во пад не затоа што ѝ недостасува структура, туку затоа што нема храброст за обновување на раководството. ‘Врховниот лидер’ некогаш симбол на ослободувањето, денес е симбол на застој. Нема вистинска реформа без крај на култот на поединецот.“ – истакнува Муамет Демири. Неговата објава на фејсбук ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.

Натаму Демири наведува: ДУИ знае дека е во пад, затоа се скри зад „Европскиот фронт“ на парламентарните избори, а сега на локалните избори се скри и зад Националната алијанса за интеграција  (НАИ). Но, коалициите на стравот не го запираат трендот на паѓањето – тие само го одложуваат соочувањето со реалноста.

Наместо да го запре падот, ДУИ ги менува партнерите како маски на карневал. Денес со НАИ, утре со секој друг, што ќе се согласи ДУИ да го држи покрај себе додека паѓа на удолнината. Всушност, падот на ДУИ не е само прашање на изборните резултати – тоа е резултат на длабока политичка, морална и генерациска криза. – посочува Муамет Демири од Демократското движење, од Вреди.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

Сиљановска-Давкова очекува ново поглавје со Грција со bona fide политика

Грчкиот амбасадор најавил грчка поддршка на македонскиот пат кон ЕУ, информирајќи дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде приоритет на грчката агенда за време на претседавањето

To top