Македонија

Георгиевски ја испофали Албанија, ја искритикува Бугарија

Источниот сосед 30 години нема изградено ниту еден инфраструктурен проект кон Македонија, забележува експремиерот

Лидерот на ВМРО-Народна партија и поранешен премиер Љупчо Георгиевски во објава на Фејсбук изнесе куп пофалби за Албанија и една критика за Бугарија.

Браво за Албанија!

Автопатот Блаце-Приштина-Тирана веќе неколку пати го имам поминато но пред некој ден специјално отидов да го поминам автопатот Тирана-Ќафасан кој напредува со невидена брзина и експресниот пат Тирана-Дебар кој посебно ме воодушеви со живописниот предел низ кој минува но и самата изграба со многу тунели и мостови.Економскиот развој на Албанија е невиден во последните десетина години.
Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема никаков инфраструктурен проект изградено према Македонија“, коментира Георгиевски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top