Регион

Бугарски аналитичар: „Орбан го финансира говорот на омраза на Скопје кон Бугарија“

На Бугарија ѝ е потребна проактивна, конзистентна и долгорочна стратегија во однос на Република *Македонија, а не кампањски акции и одложени реакции. Ова е став на меѓународниот аналитичар Владимир Владимиров во интервју за Бугарското национално радио БНР, апелирајќи до бугарската политичка елита да се обедини околу стратешки пристап, особено во областа на инфраструктурата и комуникацииите. […]

На Бугарија ѝ е потребна проактивна, конзистентна и долгорочна стратегија во однос на Република *Македонија, а не кампањски акции и одложени реакции.

Ова е став на меѓународниот аналитичар Владимир Владимиров во интервју за Бугарското национално радио БНР, апелирајќи до бугарската политичка елита да се обедини околу стратешки пристап, особено во областа на инфраструктурата и комуникацииите.

„…на терен, странски сили како Србија нè победуваат во секоја рунда“, нагласи Владимиров, додавајќи дека Бугарија нема комуникациска стратегија за Македонија – сериозен дефицит во ерата во која битките се водат со наративи, а не само со дипломатски ноти.

Во овој контекст, тој ја посочи и улогата на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговото влијание врз медиумите во Македонија, пренесе Њуз.бг.

„Според студијата на Новиот бугарски универзитет, над 90% од говорот на омраза против Бугарија во македонските медиуми доаѓа од публикации во сопственост на олигарх близок до Орбан.

„Иако Орбан се претставува како пријател на Бугарија во нашата земја, финансирањето на антибугарската пропаганда доаѓа токму од неговиот политички круг“, вели Владимиров.

 

Најнови вести од: Регион

Граѓанин на Босна осуден на казна-затвор за величење на генерал Ратко Младиќ

Четириесет и тригодишен државјанин на Босна и Херцеговина е условно осуден на 15 дена затвор во Хрватска, откако полицијата во градот Кореница го уапсила поради величење на осудениот босански српски воен злосторник Ратко Младиќ на социјалните мрежи, јави Хина, повикувајќи се на Полицијата на Личко-сењската жупанија.

„Учете од минатото“: Ердоган ја предупреди Грција да престане да ги вооружува островите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати остро предупредување до Грција поради, како што оцени, продолжувањето на вооружувањето на островите со демилитаризиран статус, порачајќи дека Атина треба да го напушти „погрешниот пат“.

Протести во Тирана, се бара и оставка од Еди Рама (ВИДЕО)

Започнат како реакција на влијанието врз животната средина од туристичкиот проект во Звернец, учесниците сега бараат политички и институционални промени и ги изразуваат своите загрижености за корупцијата, можностите за вработување и заминувањето на младите луѓе од земјата

To top