Македонија

Албанско здружение: Јаневска не го почитува албанскиот јазик

Затоа шт министрката за образование побара превод од прашања и одговори, директно го кршела законското право на градоначалникот Касами да го користи албанскиот јазик

Академското здружение на Албанци за наука и уметност реагираше на однесувањето на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која според нив покажала недостаток на почитување на албанскиот јазик во јавната комуникација и пред медиумите, објави Телеграфи.

Во реакцијата испратена до медиумите, Здружението нагласува дека таквото однесување го оштетува духот на соживотот и им дава погрешни пораки на новите генерации.

„Однесувањето на министерката Јаневска пред новинарите и јавното мислење, во врска со употребата на албанскиот јазик во јавниот живот, е показател за состојбата на умот на луѓето кои треба да бидат пример за учениците, студентите и научните работници. На овој начин, директно се крши законското право на градоначалникот Касами да го користи албанскиот јазик. За жал, со таквото однесување на етничка нетолеранција, испраќаме спротивставени и дискриминаторски сигнали до новите генерации“, се наведува во реакцијата.

Здружението потсетува дека принципите на еднаквост имаат длабоки корени во историјата на демократските општества и дека еднаквоста започнува со јазикот.

„Принципите на еднаквост имаат свое потекло во Големата буржоаска револуција во Франција во 1789 година, и оттогаш тие се основа на слободните општества. Јазикот не е само средство за комуникација, туку и идентитет, меморија и знак на колективно достоинство“, се вели во соопштението.

Според Академијата, иако албанскиот јазик има официјален статус, во пракса тој честопати останува само „формално прифатен“, но не и функционален.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top