Македонија

ИО на СДСМ го прифати предлогот Александар Трајановски да биде нов потпретседател

Целосно очекувана одлука

Доктор Александар Трајановски е нов потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.

Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен, поддржан предлогот на претседателот Венко Филипче за потпретседател на партијата да биде реномираниот доктор Трајановски, изјави портпаролката Кузеска.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека доказ оти поранешниот лидер на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Зоран Заев, сè уште ги држи конците во партијата е токму поставувањето на докторот Александар Трајановски за нејзин потпретседател.

Оттаму велат дека причината за ваквото напредување на Трајановски во раководството на СДСМ е тоа што заедно со сегашниот лидер на партијата, Венко Филипче, летуваше на грчките плажи, поточно на јахтата на Заев.

Најнови вести од: Македонија

Собранието го усвои Законот за игри на среќа – 500 метри оддалеченост од училишта и строги правила за реклами

Со овој Закон е воведувањето задолжителна одалеченост од 500 метри помеѓу објектите на среќа и училиштата, како и регулирањето на давањето подароци, т.н „giveaway“ активности.

В среда последно збогум за Владо Јаневски

Јаневски беше првиот македонски претставник на Изборот за песна на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“, а во текот на кариерата доби бројни признанија, меѓу кои и наградата за трајни музички вредности на годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“.

To top