Свет

Захарова: Ако НАТО не’ нападне – ќе одговориме

 Москва нема намера да го нападне НАТО, но предупреди дека секој напад од страна на алијансата ќе биде дочекан со целосен одговор „користејќи ги сите расположиви средства“

 

Како одговор на забелешките на германски генерал за подготвеноста на НАТО за војна со Русија, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека ваквите изјави од претставници на НАТО доаѓаат секој ден и ги отфрли како „координирана кампања за психолошка подготовка на населението за конфликт, користејќи ја Русија како жртвено јагне за внатрешни проблеми“, пренесуе Индекс.хр.

„Доколку меѓу стратезите на НАТО се појави таква луда идеја, напад врз нашата земја, не треба да се сомневаме дека ќе одговориме користејќи ги сите расположиви средства. Руското раководство редовно го разјаснува овој став“, изјави Захарова

Потоа додаде: „Што се однесува до нас, иако сме уморни од повторување, ќе продолжиме да го правиме тоа. Не планираме да ги напаѓаме земјите-членки на НАТО. Сепак, веќе ги преземаме потребните мерки за да ја обезбедиме безбедноста во услови на зголемување на силите на алијансата во близина на нашите граници“.

„Русија е подготвена за секаков сценарио и секогаш дава приоритет на мирот, пријателството и еднаквата соработка“, нагласи таа.

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top