Македонија

Историско зголемување: Воената академија со буџет поголем за 419 отсто

Македонска одбрана добива историско зголемување во Предлог-буџетот за 2026 година. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната прес-конференција истакна дека Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе има буџет поголем за дури 419 отсто, со што значително ќе се подобрат условите за образование и професионализација на идните офицери.

Македонска одбрана добива историско зголемување во Предлог-буџетот за 2026 година. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната прес-конференција истакна дека Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе има буџет поголем за дури 419 отсто, со што значително ќе се подобрат условите за образование и професионализација на идните офицери.

„Овие средства се директно насочени кон подигање на квалитетот на обуката и создавање офицерски кадар способен да чекори рамо до рамо со сојузниците во НАТО“, нагласи Ковачки.

Истовремено, буџетот на Министерството за одбрана е зголемен за 8,4 отсто – од 20,4 на над 22 милијарди денари. Во делот на модернизација на армијата се предвидени 38,1 отсто повеќе средства, односно дополнителни 406 милиони денари, додека за набавка на опрема и механизација се издвојуваат 844 милиони денари повеќе, односно раст од 15,7 отсто.

Ковачки подвлече дека овие бројки се доказ за јасна стратегија и посветеност на Владата кон одбраната: „Во време на глобални безбедносни предизвици, стабилна економија може да постои само со силна и модерна одбрана. Со овој буџет ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив НАТО-сојузник, создаваме услови за нови вработувања, техничко унапредување и градиме армија според стандардите на најразвиените демократии.“

Според него, крајната цел е јасна – заштита на граѓаните, критичната инфраструктура и територијалниот интегритет на државата.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Мицкоски организира меѓупартиска лидерска средба, би се разговарало и за укинување на „Пржинската влада“

Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците. Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. 

МАН бара мерки против сите во СДСМ, кои навредуваат новинари и ги земаат како цел

Македонската асоцијација на новинари жестоко реагира на пресот на Филипче и бара да се преземат мерки и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма, која, како што велат, е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија.

Жителите на тетовска Стримница бараат итна помош, поплавени им се куќите и загрозена им е безбедноста (Видео)

„Реката Вардар се излеа од коритото во селото Стримница, во општина Желино, во тетовскиот регион, предизвикувајќи поплави и материјални штети на некои куќи. Според жителите, водата им навлегла во визбите на куќите, загрозувајќи ги нивниот имот и безбедноста.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

To top