Македонија

„Cloudflare“ се врати во нормална

Голем прекин во работењето на интернет-инфраструктурниот гигант „Cloudflare“ предизвика блокада на пристапот до голем број популарни веб-страници низ светот, меѓу кои и платформата „Чет ГПТ“ (ChatGPT) и социјалната мрежа Икс (порано Твитер).

Голем прекин во работењето на интернет-инфраструктурниот гигант „Cloudflare“ предизвика блокада на пристапот до голем број популарни веб-страници низ светот, меѓу кои и платформата „Чет ГПТ“ (ChatGPT) и социјалната мрежа Икс (порано Твитер). Проблемот започнал околу 13 часот по источно американско време, а веќе по 15 минути компанијата објавила дека е свесна за дефектот.

Од „Cloudflare“ соопштија дека станува збор за внатрешна техничка грешка – латентен баг во системот за заштита од ботови, кој се активирал по рутинска промена на конфигурацијата. Ова предизвикало масовно нарушување на мрежата и на другите услуги. Компанијата нагласи дека не станувало збор за кибер-напад.

Дејн Кнехт, главен директор за технологија на „Cloudflare“, на Икс упати извинување за непријатностите што им го предизвикале на корисниците и посочи дека се работи на тоа во иднина да нема ваков прекин.

Инаку, проблемот зафати и повеќе македонски веб-страници, вклучувајќи медиуми, агретори на вести и институции.

„Cloudflare“ го користат стотици илјади корисници низ целиот свет, кој дејствува како тампон меѓу нивните веб-страници и крајните корисници, работејќи на заштита на нивните страници од напади што би можеле да го преоптоварат со сообраќај.

„Cloudflare“ обезбедува основни интернет-услуги, вклучувајќи заштита од кибернапади и алатки за одржување на стабилноста на веб-страниците при големо оптоварување.Нивните услуги, кои обично, се невидливи за крајните корисници, ги користат огромен број компании во светот, а дефектот во нивниот систем има далекусежни последици.Ова доведе до паѓање на широк спектар на навидум неповрзани веб-страници, слично на она што се случи минатиот месец со техничките проблеми во „Амазон веб сервисис“ (Amazon Web Services).

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Мицкоски организира меѓупартиска лидерска средба, би се разговарало и за укинување на „Пржинската влада“

Премиерот Мицкоски минатата седмица изјави дека планира средбата да се оддржи на 14-ти јануари во Клубот на пратениците. Одлуката на премиерот доаѓа и покрај ставот на најголемата опозициска партија СДСМ да не учествува на таквата средба. 

МАН бара мерки против сите во СДСМ, кои навредуваат новинари и ги земаат како цел

Македонската асоцијација на новинари жестоко реагира на пресот на Филипче и бара да се преземат мерки и против новиот политички стратег на СДСМ, ПР агенцијата Прагма, која, како што велат, е одговорна за противзаконско делување на македонска политичка партија.

Жителите на тетовска Стримница бараат итна помош, поплавени им се куќите и загрозена им е безбедноста (Видео)

„Реката Вардар се излеа од коритото во селото Стримница, во општина Желино, во тетовскиот регион, предизвикувајќи поплави и материјални штети на некои куќи. Според жителите, водата им навлегла во визбите на куќите, загрозувајќи ги нивниот имот и безбедноста.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

To top