Македонија

Генералниот секретар Адем Чучуљ „прв пик“ за нов претседател на ДКСК

Првиот оперативец на Антикорупциската комисија доби 96,50 бода од Комисијата за оценување на кандидатите

Адем Чучуљ, актуелен генерален секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), доби најмногу поени (96,50) од Комисијата за селекција на кандидати за претседател на ДКСК, формирана од собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата,

Комисијата за селекција на кандидати оценува дека Чучуљ покажал искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Втор со 86,33 бодови е Бранко Смилевски од Скопје – дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, актуелен помошник на Главниот ревизор, а трет 81,83 бодови е проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да биде свикана утре и да го изгласа кандидатот за претседател на ДКСК по претходно направената селекција од Комисијата за селекција на кандидати.

За прв човек на ДКСК се пријавија 13 кандидати, еден од нив ги повлече документите, а за двајца се утврди дека не ги исполнуваат условите.

Најнови вести од: Македонија

Драма денес во авионот на „Рајанер“ над Македонија за малку ќе се претвореше во трагедија: патници држеа Србин (61) да не излета низ скршениот прозорец на авионот!

Патник (61) од Србија е повреден во денешниот инцидент на авион на „Рајанер“, кој присилно се врати на аеродромот во Солун по откриен дефект на моторот во текот на летот над Македонија. Грчките медиуми објавија дека тој бил спасен од безбедносниот појас и од другите патници, кои го држеле и го влечеле, за да не излета од авионот низ скршениот прозорец!

„Н.М.“: Брисел зборува за „прва и втора ЕУ-лига“, а Трамп ја смести Европа во трета лига!

„Кога американскиот претседател Доналд Трамп деновиве напиша дека ‘Европа станува земја од Третиот Свет’ не употреби само навредлива политичка квалификација. Во јавниот говор денес ‘Трет Свет’ најчесто се користи како синоним за сиромаштија, хаос, криминал, корупција, неразвиеност и нефункционални институции. Со текот на времето, поимот почна да означува не политичка припадност, туку степен на развој. Европа во неговата порака претставува пример што, според него, САД треба да го избегнат.“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел зборува за ‘прва и втора ЕУ-лига’, Трамп ја смести Европа во трета лига“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договорат опозициските партии, ако остане гласањето на дијаспората

Стојаноски денеска ја повика опозицијата да постигне договор за измените на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат опозициските партии

Најнови вести

To top