Македонија

Изборот на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата во завршна фаза

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, на 21 ноември 2025 година, ќе одржи седница, заради утврдување Предлог-листа за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Антикорупциската комисија треба да добие нов претседател на местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка, откако беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Според обвинението, таа на лице, обвинето во случајот „Адитив“, му пренесувала информации од предмет, кој за него се водел во Антикорупциската комисија. Дополнително, таа одговара и за „фалсификување сертификат за државна тајна“, бидејќи, во нејзино име, друг го полагал електронскиот испит.

Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, вчера соопшти дека кандидатот Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник и сегашен генерален секретар на ДКСК, го оценила како „најуспешен во постапката за избор“. Според Комисијата, „Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК“. Тој дал „одлични одговори на сите поставени општи и посебни прашања“, по што освоил вкупно 96,50 бодови, што го рангира највисоко меѓу кандидатите.

Второрангиран е Бранко Смилевски од Скопје – дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, кој е сегашен помошник на Главниот ревизор, со освоени 86,33 бодови. Треторангиран е проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки, кој освоил 81,83 бодови. Комисијата за селекција посочува дека и „Смилевски и Чавдар дале одлични одговори на поставените општи и посебни прашања“.

Огласот за пријавување кандидати за претседател на Антикорупциската комисија беше објавен уште летово, но постапката беше прекината привремено, поради локалните избори. Од 13 кандидати, колку што се пријавија на огласот на Собранието на избор за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), селектирани беа 10. Интервјуата со нив почнаа во вторникот.

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција е секојдневие за македонските ученици, но сепак имаат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Од 253 грама до 201 грам: Најлесниот Fold во светот

Откако го претстави првиот Galaxy Fold со тежина од 276 грама во 2019 година, Компанијата Самсунг („Samsung“) продолжи да го проширува она што може да биде еден преклопен паметен телефон, унапредувајќи го дизајнот на шарките и екранот, издржливоста и употребливоста со секоја генерација

Најнови вести

To top