Македонија

Трајановски: За многу брзо ќе се вози по уште една делница на автопатот Кичево-Охрид

При крај работите на новата автопатска делница од селото Клименштани до Охрид

 

„Интезивно работиме на реализација на проектите кој ќе обезбедат брз и сигурен пристап од и до населените места кои гравитираат долж автопатот Кичево – Охрид , објави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, на социјалните мрежи.

„Денес се започна со поставување на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље,планот e до крајот на следниот месец комлетно натпатникот биде ставен во функција.

За многу скоро од денес ќе се вози по новата автопатска делница од селото Клименштани до Охрид или целосно како автопатско решение ќе бидат ставени во функција дел од делница 4 и комплетно делница 5“, објави Трајановски.

 

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

Димитриевски: „Да“ за Европа, но европски пат со заштита за македонскиот идентитет и без отстапки кон Бугарија!

Лидерот на ЗНАМ предлага парламент со 90 пратеници како дел од пошироки изборни реформи. Истовремено бара заштита на македонскиот идентитет и европски пат без отстапки кон Бугарија.

To top