Македонија

Благодарност од ОМО „Илинден“ – Благоевград до Мицкоски за поддршката од Тирана

Градскиот комитет на Обединетата македонска организација му благодари на премиерот за заложбата за Македонците во Бугарија

Градскиот комитет на Обединетата македонска опрганизација „Илинден“ од Благоевград јавно му изрази благодарност на македонскиот премиер Христијан Мицкоски што се заложи за правата на Македонците во Бугарија на синоќешното отворање на канцеларијата на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ во Тирана.

Во име на ОМО ‘Илинден’ – Благоевград, изразуваме длабока благодарност за Вашата вчерашна изјава во Тирана, во која јасно и одговорно го покренавте прашањето за прекршувањето и ограничувањата на човековите и на граѓанските права на македонското малцинство во Република Бугарија.

Вашата позиција претставува важен чин на државничка доблест и принцип. Преку Вашата јасно формулирана поддршка за почитувањето на основните права и слободи, дадовте силен сигнал дека прашањата на човековото достоинство, идентитет и еднаквост не можат да се игнорираат и дека нивната заштита е фундаментална за европските вредности и за добрососедските односи.
Многу го цениме фактот дека и покрај чувствителноста на темата, покажавте храброст отворено да ги ставите проблемите со кои Македонците во Бугарија со децении се соочуваат – одбивањето за регистрирање организации, дискриминаторски практики и ограничувањето на основните права признати од меѓународни институции и со судски одлуки.
Вашата изјава ни дава надеж дека гласот на македонското малцинство во Бугарија појасно ќе се слушне на меѓународно ниво и дека напорите за заштита на нашите права ќе најдат поширока поддршка.
Дозволете ни уште еднаш да изразиме благодарност за вашето внимание, за принципиелната позиција и за државничката одговорност. Се надеваме на идни контакти, дијалог и поддршка во името на европските стандарди за права, слободи и човеково достоинство“, се вели во писмото со благодарност до Мицкоски од ОМО „Илинден“ – Благоевград, потпишано од претседателот на Градскиот комитет, Атанас Кирјаков-Војводата.
„Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат. Во 21. век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам, дали сега или во периодот којшто следува, ќе дојдеме до таа цел“, рече Мицкоски на отворањето на седиштето на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“.

 

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top