Македонија

Скандал: „Аналитичарот“ Мехази ѝ „прогнозира“ на Македонија дека ќе станела „албанско бугарска унија со своја територија, јазик и традиции“?!

Со своето писание „политичкиот аналитичар“ од Тетово Сулејман Мехази отвора простор за прашањето: дали неговите ставови ќе бидат повод за соодветни државни институции во Македонија да преиспитаат дали со нив тој смислено и целесообразно, иако преку медиум надвор од нашата земја, искажува закани за нејзиниот територијален интегритет и создава можна опасност за негативно влијаење врз меѓуетничките односи?

„Со зачленувањето на Албанија во ЕУ Албанците од С.Македонија ќе добијат европски пасоши од Албанија и тогаш заедно со оние 200 илјади граѓани, кои имаат добиено бугарски пасоши, ќе ја претворат РСМ во албанско-бугарска унија со своја територија, јазик и традиции!“ – ова скандалозно писание на „политичкиот аналитичар“ Сулејман Мехази од Тетово со белег на екстремна етничка провокација кон македонскиот народ и директни закани кон територијалниот интегритет и унитарноста на Република Македонија, е објавено во косовскиот весник „Бота сот“.

Во „колумната“ со наслов „Колку повеќе тера инает С.Македонија со ЕУ, толку е подобро за Албанците и Бугарите“ Мехази наведува: „Не знаеме зошто повеќето албански политичари, аналитичари и обликувачи на албанското јавно мислење ја критикуваат владата на Мицкоски за негативниот и критички Извештај на Европската комисија за РСМ, кога проблемот паѓа врз Македонците, а не врз Албанците и Бугарите.“

„Со зачленувањето на Албанија во ЕУ, не само што ќе се реши прашањето на Албанците од С.Македонија, туку и државата на Мицкоски, преку пасошите на европска Албанија од мнозинството албански граѓани во оваа кревка република ќе стане унија на Албанците од С.Македонија со Албанија.“

„Ако мнозинството тетовци добијат албански пасоши, нормално е Тетово да стане Албанија, а тоа ќе се случи во сите општини населени со Албанци. Од друга страна, според информациите од бугарската држава, околу 200.800 граѓани на РСМ добиле бугарски пасоши, што има смисла и така Бугарија, исто така, ќе земе дел од од територијата на РСМ.“

„Така што на легитимен начин албанските и бугарските граѓани ќе живеат како жители на Албанија и Бугарија на територијата на РМВ со албанско-бугарска територија, јазик и традиции.“ – завршува Сулејман Мехази во своето скандалозно писание. 

Најнови вести од: Македонија

Несими: Распадот на ДУИ започна кога ги набрка интелектуалците и го забрани критичкото мислење!

„Молчењето и нереформирање во ДУИ создава празнина на теренот и политички вакуум. Но, во политиката празнината никогаш не останува празна. Секогаш ја пополнува некој друг. Колку подолго опозицијата останува без реформи и без визија, толку повеќе се отвора терен за нова опозиција. Политичката историја на секоја земја покажува дека таму каде што старите партии не се реформираат, секогаш се појавуваат нови алтернативи.“ – нагласува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна.

Добрила Kацарска бара да се укине зголемувањето од 7000ден на пензиите, а истовремено бара зголемување на платата од 100.000 денари

Уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по тоа дека преку ноќ благодарејќи на СДС стана Уставен судија, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7000 денари на пензиите, додека истовремено бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари

Најнови вести

To top