Македонија

Адолф Хитлер во нов „поход“ – на изборите во Намибија?!

„Животниот пат на локалниот политичар од африканската држава Намибија со името Адолф Хитлер Унона е во целосна спротивност со животниот пат на неговиот историски истоименик од Германија. Хитлер Унона влегол влегол во политиката приклучувајќи се кон борците против апартхејдот. „Имањето на ова име не значи дека сега сакам да го потчинам Ошана.“ – рекол тој, осврнувајќи се на регионот што го претставува.

„Политичарот по име Адолф Хитлер е на прагот на уште една убедлива победа на локалните избори во Намибија. Локалниот советник, кој стана светски познат поради своето име уште во 2020 година, треба да обезбеди нов петгодишен мандат. Според изборната комисија, се очекува Хитлер да го задржи своето место со огромно мнозинство на изборите на 26 ноември.“ – објави хрватскиот информативен портал „Индекс.хр.“ во својата статија со наслов „Адолф Хитлер пред убедлива победа во Намибија“.

Порталот натаму пишува: На последните избори, тој ја освои изборната единица Омпунџа со 85 проценти од гласовите, обезбедувајќи 1.196 гласови наспроти 213, што ги доби неговиот противник. Целосното име на 59-годишниот политичар е Адолф Хитлер Унона и тој е член на владејачката партија Југозападна африканска народна организација (SWAPO), која е на власт, откако Намибија доби независност од апартхејдот во Јужна Африка во 1990 година. 

Хитлер Унона тврди дека „не сфатил што претставува тоа име“. Унона претходно мислел дека ова негово име е „нормално“, сепак, јасно нагласувајќи дека нема никаква врска со криминалната нацистичка идеологија, одговорна за смртта на милиони луѓе. „Татко ми ме крсти по тој човек. Веројатно не разбираше што претставуваше Адолф Хитлер.“ – изјави Унона за германскиот весник „Билд“ во 2020 година.

„Како дете го сметав за сосема нормално име. Дури како тинејџер сфатив дека овој човек сака да го освои целиот свет.“ – имаше кажано тој. Тој посочи дека неговата 
сопруга го нарекува Адолф и оти тој самиот вообичаено се претставува како Адолф Унона. Се пожалил дека сега е „премногу доцна“ да го промени своето име, бидејќи се појавува на сите негови официјални документи.

Инаку, Намибија е поранешна германска колонија, поради што многу места, улици, па дури и луѓе сè уште носат германски имиња. Околу 120 илјади Германци ја посетуваат земјата секоја година, а Берлин сè уште тврди дека има „посебна одговорност“ кон Намибија, поради нејзиното „споделено колонијално минато“. Во тој период, меѓу 1904 и 1908 година, германските војници масакрирале околу 65 илјади членови на племето Хереро и 10 илјади членови на племето Нама во задушувањето на бунтот. Контролата врз регионот била преземена од Германската империја на крајот од Првата светска војна.

За разлика од неговиот намибиски имењак Адолф Хитлер бил брутален тиранин, чии обиди да ја освои Европа ја предизвикале Втората светска војна. Откако ја презел власта со Нацистичката партија во 1933 година, неговиот криминален режим извршил геноцид во големи размери, систематски убивајќи шест милиони Евреи во Холокаустот. Сојузниците ги победиле нацистите во 1945 година, а Хитлер извршил самоубиство во својот бункер кога советските сили влегле во Берлин. – објави „Индекс.хр“.

Најнови вести од: Македонија

Ратко Младиќ, пресуда за ОВК, Децата на Козара, Цар Самоил – како Балканците пак се насамарени

Балканците по којзнае кој пат паѓаат на истиот испит. Гордо ја лапнуваат јадицата фрлена од некој таму горе, се закрвуваат меѓусебно, ги учат и новите генрации да ги хејтаат најбликсите, несвесни дека се злоупотребени, залудени и верувајте повторно претставени како непоправливи глупчовци

Мицкоски: Ќе дојде ден кога незрелите лидери од опозицијата ќе се срамат, поради тоа им го прават на Македонија и граѓаните

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија – рече кусо македонскиот премиер Христијан Мицкоски како одговор на постојаните напади од опозицијата дека власта го кочи евроинтегративниот процес на Македонија.

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “ во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет, средновековната бугарска државност и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја, на македонската државност, чиј еден од темелните столбови е и Самуил. Тој е споменат нималку случајно и во државотворниот „Манифест од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ“ од 2 август 1944 година.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

To top