Македонија

Мицкоски: Да не му тропнат и на врата на Ахмети…

„Ако мисли дека со тоа што дел од раководството на ДУИ, кое што во минатото е осомничено дека сторило кривични дела е задирање во правата на Албанците, не, тоа е борба со криминалците. Се надевам дека не се идентификува со нив. Ако се идентификува со нив,тогаш и тој треба да чека, еден ден, тие кои […]

„Ако мисли дека со тоа што дел од раководството на ДУИ, кое што во минатото е осомничено дека сторило кривични дела е задирање во правата на Албанците, не, тоа е борба со криминалците. Се надевам дека не се идентификува со нив. Ако се идентификува со нив,тогаш и тој треба да чека, еден ден, тие кои се борат против овие криминалци, да му тропнат на врата и нему“.

Ова ми го порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на лидерот на ДУИ.

Мицкоски вели дека би го советувал да не се идентификува со луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал.

„Истите обвинители и судии кои беа бирани од мнозинството на СДСМ и ДУИ, покренуваат обвиненија против лица од ДУИ. Знам дека има многумина кои се заштитени од истите овие обвинители, тоа ми е јасно“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top