Македонија

Две дојави за бомби за време на концертот на популарниот српски рапер во салата „Јане Сандански“

Викендов за време на концерт на популарниот рап пејач познат по прекарот Девито, во салата „Јане Сандански“ во Скопјe, се случи вознемирувачка ситуација – пристигнаа две закани за подметнати бомби, пишуваат српските медиуми.

instagram.com/devitoanonymo/

Викендов за време на концерт на популарниот рап пејач познат по прекарот Девито, во салата „Јане Сандански“ во Скопјe, се случи вознемирувачка ситуација – пристигнаа две закани за подметнати бомби, пишуваат српските медиуми.

Македонската полиција потврди дека пријавите биле веднаш проверени и дека станува збор за лажна тревога.

„На 22 ноември 2025 година, во 20:51 и 21:17 часот, на линијата 112 биле примени повици за наводно подметнати експлозивни направи во спортската сала „Јане Сандански“ и хотелската зграда до неа. Полицијата веднаш реагирала, извршени се сите проверки и е утврдено дека пријавите се лажни. Сè уште се преземаат мерки за расветлување на случајот“, соопшти полицијата.

Според информациите од медиумите, двата повици дошле од телефони кои биле исклучени веднаш по пријавувањето. Сепак, полицијата успеала да ги лоцира повиците.

Сепак, салата не беше евакуирана за време на концертот. Пејачот, познат по носењето маска за да го скрие својот идентитет, настапи до крај – до 23 часот.  Бил направен и посебен безбедносен план за да се избегнат несакани последици.

Антитерористичкиот тим ја прегледал празната сала пред концертот, а организаторите имале и детектори за метал. И покрај заканите, проверката била брзо завршена благодарение на претходните подготовки.

Најнови вести од: Македонија

Будрис: Македонија е на вистинскиот пат

Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа – истакна министерот за надворешни работи на Литванија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче не е важно што ќе распродаде, ако за возврат добие нешто за себе

Од опозицијата повторно молк, повторно немање реакција ни став по дипломатскиот преседан што го направи Бугарија со објавување на дипломатска нота која содржи информации од безбедносен карактер поврзани со семејството на претседателот на Владата Христијан Мицскоски.

To top