Добрила Кацарска како послушничка и извршителка на Заев, беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и по 12 часа, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Кацарска е дел од оние во правосудството, кои на очиглед на целата јавност правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и законите, и се причина за доверба од 2 проценти во правосудството.
„СДС молчи додека нивната маша во Уставниот суд, Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари, а укинување на зголемувањето на пензиите од 7.000 денари.
Кацарска има двојни мерила и стандарди, за себе и судиите бара повисока плата и привилегии, а за пензионерите укинување на покачувањето на пензиите“ велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека токму поради тоа, неопходни се реформи во правосудството, за да се обезбеди поефикасен и праведен систем неопходно е да се врати довербата на граѓаните во институциите.