Македонија

Лидерот на демократите Бериша повика на „уривање на Рама и наркодиктатурата“ и за „спас на Албанија од катастрофата“!

Лидерот на опозициската Демократска партија и премиер на Албанија од 2005 до 2013 година Сали Бериша на вечерашниот митинг во Тирана обвини дека „нема нација во светот што е повеќе ограбена од албанската, што е срам за секој Албанец“. „Ние сме единствената земја во светот, што во период од седум години потроши 400 милиони евра за согорување на отпад во Тирана, Фиер и Елбасан, но денес нема ниту еден од нив.“ – посочи Сали Бериша, објави албанската новинска агенција АТА.

„Ќе ја продолжиме битката до соборување на наркодиктатурата во нашата држава. Ја имаме поддршката од целиот свет во борбата против ова зло.“ – порача лидерот на албанските опозициски демократи Сали Бериша, од вечерашниот протест пред владата во Тирана. „Демократите и опозицијата не се сами во својата борба со злото, туку имаат поддршка од луѓето, што ги сакаат слободата и вистината, низ целиот свет. Времето го повикува секој млад Албанец да се спротивстави, за да ја спаси земјата од оваа вистинска катастрофа, во која потонува.“ – рече Бериша. Тој е поранешен премиер на Албанија од 2005 до 2013 година.

Бериша обвини дека „нема нација во светот што е повеќе ограбена од албанската, што е срам за секој Албанец’“.  „Ние сме единствената земја во светот што во период од седум години потроши 400 милиони евра за согорување на отпад во Тирана, Фиер и Елбасан. Денеска не постои ниту еден од нив.“ – посочи Сали Бериша, објави албанската новинска агенција АТА.

Бериша предупреди дека повторно ќе се соберат пред кабинетот на премиерот, сè до заминување, како што рече, на „крадците од владата”, при тоа споредувајќи го премиерот Еди Рама со Мадуро кој ги украл изборите во Венецуела. „Не го одбравме ова место залудно. Секој од вас треба да знае дека се потребни жртви. Ќе се собереме тука, ова е наш плоштад, ова е плоштад на слободата. Ќе ја ослободиме и таа зграда. Дојдовме тука да застанеме против непријателот. Дојдовме тука никогаш да не го напуштиме овој плоштад без победа. Секој Албанец мора да знае тука дека овој плоштад, оваа говорница ја исполнува својата мисија само кога Албанците ќе ги отстранат овие крадци од владата, кои ја ограбија и ја уништија Албанија.“ – наведе Бериша на вечерашниот митинг во Тирана. 

Тој рече дека пристигнал од Бразил каде учествувал на Конгресот на CDI и бил избран за потпретседател на најголемата унија на партиите од десницата нарекувајќи го “чест за демократите и нивната жртва”. Протестот, кој е втор по ред од серијата најавени протести, заврши мирно и со слаба присутност.

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Од грабеж до затворска „терапија“: необична мотивација на осудениот Македонец

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај: млад македонски државјанин беше осуден на пет години затвор за серија грабежи и други кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заложници на криминалот, затоа на седницата за пратенички прашања ниту името на Груби не му го спомнаа

Потпретседателката на СДС пак Јованка Тренчевска, отиде до тој степен што посочи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“, потенцираат во партиското соопштение.

Итно соопштение од МНР: Не патувајте во Израел, контактирајте ја амбасадата за помош

Во врска со најновите информации за влошувањето на безбедносната состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа земја внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

To top