Македонија

По атакот врз приватните болници Кедев во напад и врз Фондот за здравство (ВИДЕО)

Кедев признава дека идејата за конечно решение која јавно ја предложи министерот за здравство Азир Алиу е всушност негова

Откако на радио емисија ги нападна приватните болници дека наводно правеле кардиолошки интевенции без да мораат да го прават тоа интервентниот кардиолог Сашко Кедев го нападна и Фондот за здравствено осигурување дека не преземал одговорност за состојбите во приватните болници.

Во вестите на Канал 5 Кедев раскажувајќи за 14 освоени највисоки светски врвови во рок од само 4 години во овој контекст индиректно го прозва директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

Според Кедев Фондот за здравствено осигурување треба да си ја земе одговорноста за тоа што плаќа на приватните болници како услуги а новиот здравствено механизам наречен Национален срцев тим ќе му помогнел на ФЗО да биде сигурен дека тоа што го плаќа му е потребно на граѓанинот.

Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски  кој практично е обвинет дека не презема одговорност за контрола на работата на приватните болници засега не реагира на обвинувањето од Кедев.

Зборувајќи за можните решенија за дебатата која тој ја покрена Кедев вели дека решение би било формирање на национален ,,Срцев тим” составен од членови од повеќе специјалности.

Во настапот Кедев признава дека оваа идеја која јавно ја предложи министерот за здравство Азир Алиу е всушност негова.

Кој ќе го формира тој тим и како специјалисти кои работат во државното здравство ќе решаваат за тоа кој ќе се оперира во приватни болници Кедев не откри.

 

Целта според Кедев е за запре профитот при лекување на пациенти.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален комплекс ТРИАНГЛА, современо место за уживање

Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на отворени трговски комплекси, хотелиерство и урбани содржини за секојдневно уживање, проектот има цел да создаде нова значајна градска дестинација за жителите на Скопје и посетителите од регионот.

Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! – Македонија е на Македонците!

„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.

Рама: „Мајката“ Урсула да не ги заборави своите „седум деца“ од Западниот Балкан! Неодржливо е да не сме на масата каде што се одлучува!

Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси.

Летови со владин авион, хотелски трошоци и спорни набавки – ексдиректорот на СОЗР заработи кривична

За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име

Осуденици ќе чистат од денес седум дена магистрални и регионални патишта – под постојан надѕор на затворската полиција!

Акцијата се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица.
Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули 2026 година.

Мицкоски: Владата има мандат до пролетта 2028, но подготвени сме да одговориме, ако бидеме предизвикани на предвремени избори

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнувањето на темата за предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. „Опозицијата е оптоварена и тоа е нивен најголем проблем. Оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме насочени на тој мандат, да го спроведеме она, што го очекуваат граѓаните го очекуваат од нас. Но, ако бидеме предизвикани, подготвени сме да одговориме на тој предизвик.“ – посочи Мицкоски.

„Ние ќе победиме!“ – извикот на Вера Трена кон бугарските окупатори пред да се самоубие на 15.7.1944, положувајќи го животот во темелите на македонската држава

„Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!“ – ова биле последните, претсмртни зборови на големата македонска хероина Вера Циривири-Трена, кои ги извикала со силен глас кон бугарските полицајци ноќта на 14-ти спроти 15-ти јули 1944 година, бегајќи од нив меѓу куќите во Штип.  Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од куршум на полициските агенти. За да не им падне жива во рацете, Трена се самоубива со својот пиштол. Своите само 24 проживеани години Трена ги даде во борбата против бугарските фашистички окупатори, вградувајќи ги во темелите на македонската држава.

Најнови вести

To top