Македонија

Македонски амбасадор за екс шеф на дипломатијата: Уште еден обичен ден од животот на дипломатските проститутки

Со неговото медиумско реинкарнирање на добар пат сме државава да ја претвориме во еден огромен дипломатски бордел

Во текст со наслов ,,Уште еден обичен ден од животот на дипломатските проститутки”, професорот и амбасадор Ѕвонимир Јанкуловска ги коментира јавните настапи на екс министерот за надворешни работи и воцепремиер за европски интеграции Никола Димитров.

 

Јанкуловски во колумната за Нетпрес не може да се помири што политичар како Димитров со толку многу пропусти и предавства во кариерата сега ,,продава памет” на телевизија.

,,Медиумите се тука да демистифицираат кој е засрамен, а кој е бесрамен. Но, кога го слушам некогашниот Фејсбук министер за надворешни работи како дели бескорисни совети, како да се справиме со спор кој тој го креира, сфаќаш дека не можеш да засрамиш бесрамен човек. Се’ додека има медиуми што продолжуваат да ја промовираат бесрамноста во политиката, вакви ликови ќе продолжат да егзистираат.

 

Срамота, срамота е луѓе човекот кој го продаде името на државата и кој го креира проблемот со Бугарија сега да ни дели совети како да се надмине. Човекот кој си играше мајтап со бројките за да го релативизира референдумот за промена на името, денес без трунка срам говори за тоа како да постигнеме некаков национален консензус за спорот со Бугарија. Срамот беше емоција што овој лик од нашето „светло“ историско минато ја напуштил пред многу години. Зависниците не познаваат срам. Ова може да се случува само во Македонија – сериозен медиум да му дава простор на поранешен министер за надворешни работи „девствено“ да онанира врз сеќавањата на македонскиот народ за најголемото предавство во македонската историја. Станува перверзно и садомазохистички што медиумски дозволуваме „ликот од телеграмата на Викилис“ да се обиде да ја сподели вината за неговото национално предавство, а неговото влијание, како бавен, невидлив отров да го кородира здравото општествено ткиво, кое полека се регенерира после се’ што тој и неговиот политички мецена и’ го направија со државата. Со неговото медиумско реинкарнирање на добар пат сме државава да ја претвориме во еден огромен дипломатски бордел.

 

Очигледно дека јавниот срам не е вообичаена валута во македонската надворешна политика. Повеќе ќе да е еврото. Да беше поинаку јавниот срам немаше да биде медиумски поддржан. Срамот е непристоен, а криминалната неодговорност на политичките подизведувачи на продажбата на националните интереси на Македонија го прават срамот медиумска реалност. Само во оваа светлина треба да се даде вистинската дефиниција за медиумската непристојност во Македонија. Која е пораката? Медиумско пенетрирање на бесрамноста во здравиот разум без презерватив? Или, пострашно, медиумско жонглирање со вистината и замивање на дипломатскиот срам низ кој помина државата? Или, свесно одработување за некои надворешни газди кои мислат дека сме табула раса како нација, па ќе можат да не’ обликуваат како пластелин по нивниот замислен модел на племе што не заслужува држава? Но, едно е сигурно: медиумско фаворизирање на националното предавство не е ништо друго до, како што вели Ниче, „проституција на духот“. Изгледа такви проститутки се накотија во последниве години, пишува професорот Јанкуловски за НетПрес.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top