Македонија

Мемов: Пензиите идниот септември ќе се зголемат за 3 до 5 проценти

Во март 2026 година е предвидено линеарно зголемување на пензиите од 1.000 денари

Директорот на ПИОМ, Никола Мемов, вели дека зголемување на пензиите ќе има и наредната  година, согласно законот што беше донесен оваа година.

„Во март 2026 година е предвидено зголемување на пензиите од 1.000 денари и исто така законското усогласување, коешто треба да се направи во септември, а коешто е предвидено помеѓу 3 и 5 проценти„,  рече Мемов во гостување во емисијата „Трилинг“.

Запрашан дали линеарното зголемување на пензиите можеби е популизам, Мемов објасни дека таа мерка ја донесе Владата, на барање на пензионерите.

„Вкупниот буџет за усогласување на пензиите практично е ист. Разликата е во тоа што сите добиваат линеарно, а практично, проекцијата на буџетот за 2025 за усогласувањето беше проектирана на 4%. Вкупниот буџет е ист што се подели кај пензионерите – во висина од 1.000 денари на секој пензионер линеарно и тој се однесува на ублажување на ценовните шокови, инфлацијата и зголемувањето на платите“,  рече Мемов.

Во врска со тоа дали покачување од 1.000 денари е доволно за ублажување на ценовните шокови, тој рече дека вкупното зголемување на пензиите во изминатиот период е 25 проценти.

Мемов: Праведно е линеарното зголемување на пензиите

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top