Македонија

Мицкоски: Ако мисли некој дека треба билатералните прашања да ни бидат пречки за членство во ЕУ, тогаш не можеме ништо да сториме

Вториот чекор во реформската агенда, според претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, е да влеземе во либерализација на пазарот за електрична енергија за домаќинствата, сите оние кои се на регулираниот пазар. „Но, тоа нема да го направиме, зашто ако тоа го направиме тогаш домаќинствата и сите оние коишто се на регулираниот пазар минимум ќе имаат 30 до 35 проценти поскапи сметки за електрична енергија. Тоа свесно нема да го направиме.“ – рече Мицкоски на денешната прес-конференција за доделување решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.

„Имаме јасен план и јасна насоченост. Нашата стратегија е да бидеме најдобри во одделението. Тоа ќе го направиме, иако тоа некој не го цени. Но, ако некој мисли дека треба билатералните прашања да бидат пречки за нашето членство во ЕУ, простете, тогаш ние тука нема да можеме ништо да сториме.“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање кои закони од реформската агенда се планираат да се стават во собраниска процедура.

-Во Реформската агенда имаме донесување на законот за енергетика и негово спроведување. Тоа е еден чекор, од тие 12. Законот е донесен, усогласен со Канцеларијата на ЕУ, и донесен е во Парламент. Но не е ставен како направен чекор, затоа што не се донесени подзаконските акти. А подзаконските акти, според Европската енергетска заедница, за одредена група Грејс период од 9 мецеси, а за друга група 18 месеци. Така што, невозможно е ако требало сето ова да профункционира во јули 2025 година, бидејќи девет месеци за една група и 18 месеци, се веќе крајот на 2026 година. Така што имаме две опции. Или да го тргнеме овој чекор и да го поставиме декември 2026, или да го прифатиме делот на носење на законот за енергетика таков каков што е усогласен со ЕК, рече премиерот.

Мицкоски рече дека третиот чекор е усогласување на Изборниот законик со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека тоа ќе го направиме, и не гледа причина зошто во рамките на Парламентот пратениците тоа да не го поддржат имајќи предвид дека тоа е реформски закон, поддржан од самата ЕК.

Во однос на законите за ЈО, за судови, за јавнобвинителска и судска служба, вели дека се подготвени да прифатиме што тие бараат. -Главното нивното барање се однесува на вработување и унапредувања, да не зависи од мислење на Владата. Нема проблем, нема да зависи, туку тие да го изготват и да им го одобри судскиот или Советот на јавни обвинители. А Владата само да информира, во ред нема проблем тоа ќе го прифатиме. Во делот на буџет, ние ќе поставиме долна граница односно минимална вредност во буџетот на Обвинителството, и во буџетот на судовите, коишто секако ќе биде повисок од средниот, или од медијана буџетот што го имаат земјите-членки што ги покрива Советот на Европа. И тоа ќе го направиме, рече Мицкоски.

Додаде дека и новиот Закон за Судски совет поминал на владина седница и моментално се усогласува и се чека мислење од Канцеларијата на ЕК и очекува дека до крајот на декември ќе биде и тој поминат во рамките на Собранието. За новите вработувања во Агенцијата за одземен имот, рече дека таму има одредена систематизација која што е направена пред години, па треба да се направи нова систематизација и врз основа на неа да се обезбедат согласности од страна на Министерството и буџет за тие нови вработувања. -И тоа ќе го направиме до крајот на оваа година, рече Мицкоски.

Тој говореше дека еден од чекорите е и изготвување план со којшто ќе се направат енергетски ефикасни три проценти од јавните згради. -Моето прашање до ЕК беше три проценти од вкупниот број или три проценти од квадратурата, бидејќи ако имаме 100 такви објекти три проценти се три згради. Ако имаме милион квадрати коишто се содржани во јавните згради, тогаш три проценти е нешто повеќе. Ние на владина седница, го донесовме практично изгласавме информација од страна на Министерството за енергетика, која е изработена со експерт ангажиран од страна на ЕК, со којшто се утврдија приоритетите. Го задолживме МФ да обезбеди средства. МФ се обрати до Француската развојна агенција, и со тоа ние овој чекор го завршивме. Само треба да знаеме дали три проценти од вкупниот број згради или три проценти од квадратурата, па така планот ќе го усогласиме за следните три години и со тоа и тој чекор е завршен, рече тој.

Во однос на либерализацијата на железничкиот сообраќај, рече дека министерот за транспрот веќе работи на таа проблематика со Канцеларијата на ЕК и очекува и тој чекор да биде завршен до крајот на годината. -Законот за Аудио – визуелни услуги е готов, но ние чекавме заедно со членовите коишто значат усогласување со „Roam at home“ – иницијативата од страна на ЕК, ќе ги спакуваме заедно и ќе ги доставиме до Парламентот. Тоа нема да се случи оваа година. И затоа министерот за дигитална трансформација доби насока ваков каков што, е а е усогласен со канцеларијата на ЕК, да го достави најпрвин на Влада, а потоа до Парламент. Така што очекувам и овој закон до крајот на годината да помине, рече Мицкоски.

Го спомена и барањето да се формира регистар на акционерски друштва и правни субјекти во коишто државата има некаков удел, без разлика дали е мнозински или малцински сопственик. -Ние немаме таков закон. Ангажиравме експерти од Правниот факултет, законот е изработен, даден на увид во Министерството за европски прашања и во Министерството за економија и труд. Така што очекуваме од таму повратна информација, да го поминеме на Владина седница, и ќе го доставиме до Канцеларијата на ЕК. Очекувам и овој чекор да биде завршен до крај, одговори Мицкоски на новинарско прашање. 

Македонска информативна агенција – МИА

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Фемицидот е еден од најтешките општествени проблеми со кои се соочуваме

Борбата против фемицидот мора да започне дома, во градинка и во основното образование, да продолжи со правни акти и институционални механизми, вклучувајќи ги и јавнообвинителските и судските. Сиљановска-Давлова посочи дека ако фемицидот е системски предизвикан проблем, тогаш и неговото решавање мора да биде системско.

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува забрзано

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информираше преку општествената мрежа за забрзаната динамика во изградбата на сообраќајно-транспортната инфраструктура во македонската метропола.

(Фото): На располагање 25 милиони евра – рекорден интерес кај младите за самовработување

Мерката за самовработување постигна рекорд со 6.045 поднесени апликации, што е доказ дека граѓаните имаат желба, знаење и доверба да изградат сопствен бизнис, рече премиерот. Поради големиот интерес, Министерството за економија заедно со Агенцијата за вработување, ѝ предложија на Владата ревизија на Планот, со што беа обезбедени дополнителни 300 милиони денари, од кои 161 милион преку ребалансот, за ниту еден потенцијален претприемач да не остане без шанса.

Манасиевски: Судии и обвинители-митаџии со само 2 отсто доверба бараат плати и до 6 илјади евра!

„На македонското правосудство му е потребен ремонт. Во судството и обвинителството не смее да има остатоци од оние, кои ги бираа СДС и ДУИ. Корумпирани и криминални. Поради оваа група на поединци, чесни и транспарентни судии и обвинители не можат да дојдат до израз.“ – нагласи Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ во денешната изјава за медиумите.

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, постапувал спротивно на законот

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.

To top