Свет

Украина постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија

Украинците се согласија со мировниот договор. Постојат некои мали детали што треба да се разработат, но тие се согласија со мировниот договор

Украинска делегација постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија, јави БТА повикувајќи се на американските телевизиски мрежи Еј-би-си, Си-би-ес и Си-ен-ен кои цитирале претставници на американската влада.

Министерот за одбрана на САД Ден Дрискол, вчера одржа тајни разговори со руска делегација во Абу Даби, ОАЕ, како продолжение на разговорите со Украина во Женева за време на викендот, кои имаа за цел унапредување на мировниот процес во Украина, информира извор што го цитира Еј-би-си.

„Украинците се согласија со мировниот договор. Постојат некои мали детали што треба да се разработат, но тие се согласија со мировниот договор“,рекол тој.

Вчерашните разговори со руската делегација, кои претходно не беа најавени, следеа по разговорите одржани за време на викендот во Женева меѓу САД и Украина и се уште еден знак дека новата американска иницијатива за рестартирање на мировниот процес во Украина напредува, забележува Еј-би-си.

„Во понеделникот попладне и вечерта и во текот на целиот вторник, секретарот Дрискол и неговиот тим беа во разговори со руската делегација за постигнување траен мир во Украина. Разговорите одат добро и ние остануваме оптимисти. Министерот Дрискол тесно соработува со Белата куќа и сите американски институции додека напредуваат разговорите“, изјави потполковник Џефри Толберт, портпарол на американската војска.

Украинскиот секретар за национална безбедност Рустем Умеров, на социјалната мрежа Икс објави дека делегациите постигнале заедничко разбирање за клучните услови на договорот дискутиран во Женева.

„Сега сметаме на поддршката од нашите европски партнери во нашите понатамошни чекори“, напиша Умеров.

Тој додаде дека Украина со нетрпение очекува да ја организира посетата на Зеленски на Соединетите Држави за да ги заврши последните чекори и да постигне договор со претседателот (Доналд) Трамп.

Самиот Зеленски рано утринава на Икс објави дека по состаноците во Женева гледаат перспективи што можат да го направат патот кон мирот реален.

„Денес нашата делегација се врати од Женева по преговорите со американската страна и европските партнери. Сега списокот на потребни чекори за завршување на војната може да стане остварлив. Засега, по Женева, има помалку точки – повеќе не се 28 – и многу од вистинските елементи се земени предвид во оваа рамка. Сè уште има работа што сите ние треба да ја завршиме заедно за да го финализираме документот и мора да направиме сè со достоинство. Цениме дека поголемиот дел од светот е подготвен да ни помогне и дека американската страна пристапува кон ова конструктивно. Практично целиот ден вчера беше исполнет со состаноци – и тоа беше предизвикувачка, исклучително темелна работа“, напиша Зеленски.

Ниту Украина ниту Русија официјално не го потврдија присуството на своите делегации во Абу Даби.

Делегацијата на САД на преговорите во Женева ја предводеа државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и министерот Дрискол.

Најнови вести од: Свет

Средба Зеленски-Трамп в четврток на денот на благодарноста?!

Лидерите на т.н. „Коалиција на подготвените“ – група од европски држави, Турција, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија – одржаа виртуелна средба за да го разгледаат американскиот дипломатски напор за постигнување мировен договор. Иако оригиналниот 28-точков план, тајно подготвен од американски и руски претставници, предвидуваше целосно исклучување на НАТО-присуство во Украина, Париз и Лондон остануваат решени: физичката присутност на западни сили е, според нив, неопходна за да се спречат идни руски агресии.

(Фото): Ричард Гир силно заљубен во 34 години помлада сопруга – поради неа се пресели во Шпанија

Ричард ја откри причината за преселбата за време на гостувањето во емисијата „Џими Фалон“: „Мојата сопруга е Шпанка и ми даде седум години во Америка, па сега поминуваме неколку години во Мадрид, блиску до нејзиното семејство.“ Тој исто така нагласи дека преселбата била одлична одлука за нивните синови: „Нашите деца се двојазични и таму ќе напредуваат уште повеќе.“

Лавров: Русија чека САД да достават привремена верзија на својот план за Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва очекува Вашингтон да достави преодна верзија на планот за решение на конфликтот во Украина, договорена со Европејците и Украинците.

НАТО и Русија никогаш поблиску до војна: Романија испрати предупредување до граѓаните и „крена“ ловци

Романските власти утрово издадоа две предупредувања RO-ALERT за округот Галац во југоисточна Романија, откако Генералштабот на воздухопловните сили пријави можни мали воздушни цели во областа на границата со Украина, објави Романскиот генерален инспекторат за вонредни ситуации.

To top