Регион

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

Ново видео објави бугарскиот јутјубер Станислав Цанов во кое презентира пораки и делови од телефонски разговори со Ива Михајлова и нејзината мајка Христина кои сакале да го убедат да ја повлече претходно објавената снимка за наводните притисоци од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).

„Јави ми се веднаш. Крени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва“, била една од пораките што Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија.

ШОКАНТНО: Бугарски истражувач открива дека Ива Михаилова е заложник на бугарската тајна служба (ВИДЕО)

Според Цанов, таа изразувала страв за сопствената безбедност, но и за безбедноста на нејзините родители.

Во новото видео е презентиран и дел од телефонски разговор со жена за која Цанов тврди дека е мајката на Михајлова,  таа барала да не се споменуваат безбедносните служби, наведувајќи дека тоа е нејзиниот единствен услов и дека во спротивно би можела да биде ликвидирана.

Цанов вели дека располага со целосни аудиоснимки од разговорите, кои, според него, траат повеќе од два часа, и дека е подготвен да ги достави на проверка.

Претходно, Цанов објави снимка од разговор со Михајлова во која таа зборуваше за наводни притисоци од ДАНС, поврзани со нејзиното медиумско појавување и условите за добивање помош за лекување и правна поддршка.

 

Најнови вести од: Регион

Негираат дека имало притисок врз „бегалката“

Ива Михајлова обвини новинар дека работи по наредба на бугарската Државна агенција за национална безбедност и дека по нивни инструкции добивала прашања и ѝ било кажувано што да зборува во јавност. Шефицата на бугарската дипломатија тврди дека немала такви информации

To top